Национален парк Зангезур
Национален парк Зангезур (азерски: Zəngəzur Milli Parkı) — прв национален парк на Азербејџан. Бил создаден со декрет на претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, како Национален парк Ордубад на површина од 12,131 км² во округот Ордубад, во Автономната Република Нахичеван на 16 јуни 2003 година. На 25 ноември 2009 година бил проширен на 42,797 км² и преименуван во Национален парк Зангезур.
Национален парк Зангезур Zəngəzur Milli Parkı | |
---|---|
Местоположба | Ордубад |
Површина | 42,797 км² |
Управа | Република Азербејџан Министерство за екологија и природни ресурси |
Прогласено: | 16 јуни 2003 |
Националниот парк Зангезур се одликува со богата биоразновидност. Има 58 вида на животни (35 цицачи и 23 инсекти) и 39 вида на растенија, кои се вклучени во Црвената книга на Азербејџан. Националниот парк поседува ретки и загрозени видови како анадолскиот леопад, планинската овца муфлон, коза преживар, белоглав морски орел, златен орел и мал дропја.
Според извештај на УСАИД во 2010 година (кој ги опишал националните паркови во Азербејџан, како „т.н. национални паркови“), јавниот пристап до Националниот парк Ордубад е невозможен, бидејќи е потребно лично писмо „добиено многу однапред пред предвидената посета и често одбивано“ од министерот за екологија и природни ресурси, но многу е тешко да го добијат невладини организации, меѓународни дарители или било кој надвор од владата.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Национален парк Зангезур на Ризницата ?
- Национален парк Зангезур Архивирано на 26 јули 2011 г. (англиски)