Национален парк Бабја Гура
Национален парк Бабја Гура (полски: Babiogórski Park Narodowy) — еден од 23-те национални паркови во Полска. Сместен во Малополското Војводство и се граничи со Словачка.
Национален парк Бабја Гура | |
---|---|
Babiogórski Park Narodowy | |
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Планината Бабја Гура
Park logo with Apiaceae (Laserpitium archangelica) | |
Место | Lesser Poland Voivodeship, Poland |
Површина | 33,92 км2 |
Воспоставен(а) | 1954 |
Управно тело | Ministry of the Environment |
Паркот зафаќа површина од 33,92 км2, од кои огромен дел се под шума (31,98 км2). Паркот ја вклучува северната и дел од јужната страна на масивот Бабја Гура, од кој главниот врв (познат и како Дјаблак) е највисоката точка на Оравските Бескиди (1.725 м). На словачката страна на масивот се наоѓа Заштитениот предел Горна Орава.
Подрачјето на Бабја Гура првпат било ставено под правна заштита во 1933 година, кога било создаден резерватот со исто име. На 30 октомври 1954 година бил прогалсен за национален парк. Од 1976 година е ставен на списокот на УНЕСКО како биосферен резерват според програмата „Човекот и биосферата“ (MaB). Подрачјето на резерватот е проширено во 2001 година.
Фауна
уреди- 105 видови птици (вклучително и клукајдрвци и бувови)
- Животни како елени, рисови, волци и мечки
- Инсекти, особено тврдокрилци, вклучувајќи и некои кои се својствени за оваа област
Галерија
уреди-
Бабја Гура (1725 м), највисокиот врв на националниот парк
-
Врвот на Бабја Гура
-
Бабја Гура гледана од Мосорни Гроњ
-
Шума во националниот парк
-
Планинска патека
-
Предел на Жвјечкиот Бескид
-
Бјабја Гура и Пилско гледани од Ришанка
-
Теснолисно ѕвонче
-
Алпска флора во резерватот
-
Шумска патека
-
Зајдисонце
Наводи
уреди- „Official site“ (полски). Посетено на 6 November 2011.
- „The Board of Polish National Parks“ (полски). Архивирано од изворникот на 2006-02-25. Посетено на 6 November 2011.
- „UNESCO biosphere reserve information“. Посетено на 6 November 2011.