Национален историски парк на култура Чако
Национален историски парк на култура Чако (англиски: Chaco Culture National Historical Park) — Национален историски парк кој содржи најголема концентрација на древни пуеблоси на југозападниот дел од САД. Паркот се наоѓа во северозападниот дел на државата Ново Мексико помеѓу градовите Албакерки и Фармингтон во кањонот што преминува преку Чако Вош. Овде има најбројни древни рушевини северно од Мексико и затоа е едно од најважните предколумбиски локалитети во САД.
Помеѓу 900 и 1150 година кањонот Чако бил важен центар на културата антички народи Пуебло (Анасази).[1] Древните жители носеле камени блокови и дрва од оддалечените области, градејќи петнаесет големи комплекси кои останале најголемите згради во Северна Америка сé до 19-ти век.[2] Се шпекулира дека Чако имал археоастрономско значење, а како доказ се зема петроглифот "Сончев нож" во Фајада Бут. Многу згради Во Чако биле поставени во согласност со сончевите и лунарните циклуси, [3] и за што биле потребни генерации на астрономски набудувања и вековна координација на конструкции.[4] Се верува дека променливата клима довела до иселување на Чакоанците и конечно напуштање на кањонот, кој започнал по педесетгодишната суша во 1130 година.[1]
Овој културен локалитет, лоциран во сува и ретко населена област Четири Агли претставува УНЕСКО-ов локалитет на Светското наследство. Бидејќи се сметаат за кревки и подложни на оштетување, и поради стравување од оштетување кое би било предизвикано од туристите, Фајада Бут е затворен за јавноста. Хопи и Пуебло домородните Американци, кои имаат усни преданија за иселување од Чако и духовна врска со земјата, го сметаат локалитетот за свет.[5][6] Службата за национални паркови на САД се обидува тесно да соработува со племенските претставници, така што нивната грижа за локацијата не е во спротивност со верските убедувања.[5]
Галерија
уреди-
Руини на Chetro Ketl во Чако кањон
-
Поглед над Пуебло Бонито
-
Hungo Pavi, во близина на Чако Кањон.
-
Пролази во Пуебло Бонито
-
Петрограф на суперновата од 1054 год. насликан од Анасазите
-
Детал од кива
-
Керамички сад на Пуебло културата (1030-1200 год.)
Наводи
уредиНадворешни врски
уредиОфицијални и академски
- Hallett, B., Chaco Culture National Historical Park, Tucson: Look and See Publications, ISBN 1-877827-00-2, Посетено на November 19, 2009 Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help) - „Chaco Research Archive“, University of Virginia, Посетено на November 19, 2009
Слики и патувања
- Hallett, B., „Chaco Culture National Historical Park“, A National Register of Historic Places Travel Itinerary: American Southwest, National Park Service, ISBN 1-877827-00-2, Посетено на November 19, 2009 Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help) - Chaco Culture National Historical Park - informacije na stranici Wikivoyage
Останато
- „Ancient Observatories: Chaco Canyon“, Exploratorium, Посетено на November 19, 2009
- „The Solstice Project“, Non-profit studying, documenting, and preserving the Sun Dagger, Посетено на June 15, 2011
- The Sun Dagger Explorer, The Solstice Project, Посетено на June 15, 2011
- „Chaco Canyon National Historical Park“, Traditions of the Sun, University of California, Архивирано од изворникот на 2017-07-28, Посетено на November 19, 2009