Национален институт за статистика и информатика
Националниот институт за статистика и информатика (шпан. Instituto Nacional de Estadística e Informática, INEI) е полусамостојна владина агенција во Перу со задача да распишува пописи, составува и обработува статистички информации за земјата. Моментален директор на институтот е Ренан Киспе Љанос.
INEI го олеснува донесувањето на одлуки кај поединечни субјекти со тоа што нуди квалитетни статистички информации употребувајќи информатичка технологија, така придонесувајќи за развојот на општеството.
Пописна активност
уредиПоследниот попис INEI го спровеле во август 2005. Претходниот попис е извршен во 1993 г.
Кодни системи
уредиВо наодите и извештаите INEI користи стандардни кодни системи за географска положба (Ubicación Geográfica) и класификација на стопанските активности (Clasificación Nacional de Actividades Económicas del Perú):
Надворешни врски
уреди- Национален институт за статистика и информатика Архивирано на 12 април 1997 г. (шпански) (англиски)