Класа (биологија)

(Пренасочено од Наткласа)

Класа е таксономска категорија во рамките на биолошката класификација на организмите во биологијата под тип и над ред.

Разните нивоа на системот на научна класификација.ЖивотДоменЦарствоКоленоКласаРедСемејствоРодВид
Разните нивоа на системот на научна класификација.

Зголеми
Зголеми
Хиерархијата на осумте главни таксономски рангови во биолошката класификација. Поситните меѓурангови не се прикажани.

На пример, Цицачите се класа која се користи при класификација на кучињата, чиј тип е ’Рбетници, а редот им е Месојадци.

Историја на поимот

уреди

Класата како засебна биолошка класификација со свој назив (наспроти едноставно наречениот виш род (genus summum)) за првпат била употребена од францускиот ботаничар Жозеф Питон де Турнефор во неговата класификација на растенија (во неговото дело од 1694 насловено како „Елементи на ботаниката“, фр. Eléments de botanique). Карл Линеј бил првиот кој доследно гоприменувал поимот за сите три царства на природата (минерали, растенија и животни) во неговата Систем на природата (1735, 1 изд.). Оттогаш класата зазема највисоко место во таксономската хиерархија сѐ до воведувањето на разграноците, денес наречени типови и оддели во XIX век.

Поврзано

уреди