Наташа Габер-Дамјановска

Наташа Габер-Дамјановска (Скопје, 9 октомври 1962)— судијка во Уставниот суд на Република Македонија.

Образование

уреди

Основно и средно образование завршила во Скопје, матурирана 1980 година; дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во учебната 1984/85 година. Последипломски студии: Магистрирала на Правниот факултет на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“-Скопје, насока Политички и политичко-правни науки, со магистерскиот труд под наслов „Улогата на ПАСОК во социјалистичкото движење на Република Грција“ одбранет во 1990 година, при што се здобила со академски степен- магистер на политичко-правни науки; Докторирала на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје во 1995 година со дисертација под наслов „Мнозинството во системот на политичкото и парламентарното одлучување“ и се здобила со звање доктор по политички науки.

Вработување

уреди

Од април 1985 година до октомври 2008 година е вработена во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Од 7 октомври 2008 година е избрана за судија на Уставниот суд на Република Македонија.

Стекнати звања

уреди

Стекнато научно звање научен советник во 1997, и е реизбрана со истото звање во 2006 година. Во 2006 година се стекнува со наставно звање редовен професор.

Други активности и ангажмани

уреди

Била член на Управниот одбор на Македонскиот центар за меѓународна соработка од 1991 до 2009 година, а подоцна член на управниот одбор на Македонската развојна фондација за претпријатија. Исто така била дел од следните комисии: за Законот за избор на пратеници 2002 и Законот за локални избори 2004; кодификацијата на изборното законодавство 2005 и негово амендирање во 2007 година ; на измените на Законот за здруженија на граѓани и фондации од 2003 до 2008 година; создавање на националната програма на Државната антикорупциска комисија 2007 година; на Законот против сите видови дискриминација 2005 година.

Научни проекти и стручни и научни трудови

уреди
  1. “Searching for Election Model Adequate for the Republic of Macedonia”, Macedonian Affairs, Vol. IV No.3, 2002, Macedonian Information Centre (труд во соавторство),
  2. „Стратегија за намалување на сиромаштијата во Република Македонија“, делот за граѓанските организации и партиципацијата;
  3. дел од студијата „Политичката култура на граѓаните на Република Македонија“;
  4. дел од студијата „Изворите и факторите на меѓуетничката (не)толеранција во процесите на образованието“;
  5. Searching for Election Model Adequate for the Republic of Macedonia“;
  6. “Јавното мислење за здравствените реформи“ ИСППИ 2001;
  7. „НВО и бизнис-секторот работат заедно за подобрување на фискалната политика“ (соавторство) 2002 година;
  8. Државната Стратегија за Ромите во Република Македонија, Министерство за труд и социјална политика 2004 година
  9. Државната Стратегија за домување во Република Македонија Министерство за транспорт и врски 2005 година;
  10. „Општествена проценка на здравствениот систем на Република Македонија“ Министерство за здравство 2004 година;
  11. Учебник „Здруженија на граѓани и фондации“ во соавторство со д-р Борче Давитковски и д-р Даглас Ратзен, Правен факултет Јустинијан Први, 2001
  12. A New Balance: Democracy and Minorities In Post-Communist Europe, Edited by Monica Robotin and Levente Salat, (соавторство) “Minorities in Political Life in the Republic of Macedonia” p-41-64, LGI Books 2003
  13. Во книгата „Функционирање на системот на локалната самоуправа во Република Македонија“ текстот “Системот на локалната самоуправа во Република Македонија наспрема невладиниот сектор“ стр.231-244, ИСППИ 2004
  14. "Transformation of the Macedonian Political System and Inclusion of Ethnic Groups", SEER, Nomos, Vol.7- No 1 (pp 87–97) (соавторство)
  15. "Macedonian Census Results- Controversy or Reality?", SEER (South East Europe Review for Labour and Social Affairs), Nomos, Vol.7- No 1, (pp 99–110) (Соавторство)
  16. „Државно финансирање на невладиниот сектор во Република Македонија“;
  17. "Relations of the Civil Society Sector and the Business Community", Der Donraum, Vienna 2006
  18. дел од студијата „Јавното мислење за корупцијата во Република Македонија“ за потребите на ДКСК;
  19. дел од студијата „Јавното мислење за верското образование во Република Македонија“ за ФИООМ 2007 година;
  20. „Студија за состојбите во руралните заедници“ за МЦМС;
  21. „Партиципацијата на граѓанскиот сектор во процесот на создавање на политики во Република Македонија“;
  22. “Изборниот систем на Република Македонија – актуелни дилеми“, во соавторство со Проф. Д-р Анета Јовевска, Годишник на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, бр.1, 2007 година стр.169-188
  23. “Директните избори за претседател на Република Македонија-потреба или не“ (македонски и англиски), во соавторство со Проф. Д-р Анета Јовевска, Годишник на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, 2010 година
  24. Systemic Characteristics of the Republic of Macedonia Viewed Through the Constitution of 1991 and the Amendments of 2001”, International Congress on Constitutional Law, Istanbul, 11-14 May, 2011
  25. “Уставните промени во Република Македонија – одраз на актуелните општествени и политички состојби“, Политичка Мисла, IDSCS, Konrad Adenauer Stiftung, Година 9, бр.35, Скопје 2011, стр.11-22
  26. “Дејство и извршување на одлуките на Уставниот суд на Република Македонија“, 16 стр, Округла маса на регионалните уставни судови, Сремски Карловци 5-7 јули 2012
  27. “Criminal Code of the Republic of Macedonia – Rethinking Article 38-d”, Revue Internationale de Droit Penal Vol.83, 2012/1-2, Editeur E.R.E.S, ISBN 9782749232188
  28. University American College Skopje and Friedrich Ebert Stiftung, 8th Annual International Academic Conference on European Integration “Out of the Crisis: EU Economic and Social Policies Reconsidered” 16 May 2013, paper: “The Constitutional Principle of the Equality of Vote Viewed Through the EU Standards – the case of Ex-Patriot Vote”
  29. 50-годишнина на уставното судство во Република Македонија, “Современите предизвици на уставното судство“ подтема “Оценка на уставноста и законитоста на подзаконските акти“ Скопје 18-21 септември 2014, со темата “Подзаконските акти низ праксата на Уставниот суд на Република Македонија“

Надворешни врски

уреди

[1] [2] [3] [4]

  1. http://fokus.mk/natasha-gaber-damjanovska-kontradiktorna-e-odlukata-na-ustavniot-za-isfrlenite-novinari-na-24-dekemvri/
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-03-02. Посетено на 2015-03-08.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-12-25. Посетено на 2015-03-08.
  4. http://plusinfo.mk/vest/9218/gaber-damjanovska-inicijativata-na-zernovski-e-neosnovano-otfrlena-dup-ovite-za-vodno-se-nezakoniti