Народно собрание на Крушевската Република
Народното собрание или Претставичкото тело е највисоката цивилна власт на Крушевската Република, тоа се состоело од 60 делегати [1], претставници на сите етнички групи и други (верски) конфесионалности од Крушево. Една од најважните одлуки на Собранието е изборот на Привремената влада и нејзините членови. Собранието сите свои одлуки ги донело во духот на Македонската револуционерна организација, создавање на републиканско уредување, учество и еднакво задоволување на сите етнички групи и нивно обединување околу идејата за автономна Македонија.
Состав
уредиПо ослободувањето на Крушево, на 4 август 1903 година било свикано Собрание на градот. Тоа се состоело од 60 истакнати крушевски граѓани по 20 од секоја народност. Околу припадноста на овие народнсоти нема согласност во историската наука. Дел од историчарите истакнуват дека имало три народности: влашка, албанска и бугарска, односно македоци - егзархисти [белешка 1], а според други населението се делело на 4 народности, иако станува збор за конфесионални зедници. Во тој период населението се состоело од:
- 1.патријаршисти, тука влегувале поголемиот дел од Власите, малубројни Албанци и незначителен дел на Македонци
- 2.Власи романофили или националисти
- 3.Бугари, Македонци - егзархисти
- 4.Српска партија, која била незначајна
Од трите доминантни конфесионални (верски) општини било создадено собранието на ослободено Крушево.
Говорот на Карев
уредиПо ослободувањето на градот таму се нашол Горскиот штаб на Крушевската востаничка околија на чело со Никола Карев. Тој и останати членови на штабот присуствувале на првата седница одржана во слободно Крушево. Карев најпрво им ја честитал слободата на граѓаните, а потоа одржал говор во кој истакнал:
„ | За човекот нема поголемо богатство од слободата и од правото спокојно да работи и создава. А за да располага со таа вишаа човечка придобивка, Штабот е на мислење дека ние, крушевчаните, коишто на Илинден оваа година јавно ги поставивме основите на нашето народно едниство - факт што сам по себе говори дека ние сме културни и сознателни чеда на Македонија, што се оттргнале од заблудите со кои ни ги оковаа мозоците пропагандистите на империјалистичките балкански држави - станавме причина слично обединување да се постигне насекаде во нашата Татаковина и да дадеме пример на вистинско народно управување, во кое да бидат еднакво застапени првата и задолженијата на сите вери и народности [1] | “ |
По говорот на Карев, штабот ја напуштил зградата на собранието само тоа да одлучи за видот на управата и да избере лица за новата извршна власт.
Работа
уредиДневен ред
уредиНајпрво собранието избрало Биро во состав: претседател Теохар Нешков и секретар - Ѓорѓи Чаче. Бирото предложил дневен ред, кој бил прифатен, а тој гласел;
- 1. Објавување на Собранието во Основачко народно собрание
- 2. Определување каков вида да биде управата
- 3. Определување на лица за Привремен извршен совет
Одлуки
уредиПрвата точка била прифатена без дискусии. За втората дочка се воделе дискусии, а за збор се пријавиле: Наум Велјанов, Ѓорѓи Чаче и Никола Баљу. Во дискусијата која се водела, станало збор за монархистичкото и републиканското уредување во пооделни држави, се дале оценки таквите уредувања. По дискусијата, Собранието едногласно одлучило новата упрва да биде републиканска.
По третата точка исто така имало дискусија. Михаил Зиси предложил наместо Привремено извршно тело да се назначи една комисија која требало да управува со градот. Наум Велјанов истакнал дека создавањето на комисијата не би била адекватна на потребите, бидејќи власта што треба да биде создадена нема да биде само градска туку и околиска. По завршувањето на дискусијата била донесени следните решенија:
- 1. До завршувањето на Ослободителната борба на востанатиот народ, раководена од Штабот на востаниците, кој е законски избран на еден конгрес (Смилевскиот), никаков друг институт или установа не треба да се меша во функцијата на тој штаб, туку обратно, сите установи и институции треба да бидат во полна услуга на Штабот.
- 2. Времено, До нормализацијата на положбата, на чело со новоформираната власт ќе биде Штабот, на кој му помага Реонскиот револуционерен комитет, Војводскиот совет и Привремениот извршен совет.
- 3. Функциите на оделните сектори да се определат од Штабот на востаниците, во согласност со Времениот извршен совет.
- 4. Изборот на лица за Времениот извршен совет да се изврши преку тајно и слободно гласање.
За членови на Времениот извршен совет биле избрани: Дину Вангел, Николаки Баљу, Ѓорѓи Чаче, Теохар Нешков, Димитар Секулов и Христо Ќурчиев.
Белешки
уреди- ↑ Во Османлиското Царство не постоел редовен ситем за попис на населението со утврдени методи и принципи како во западноевропските држави. Осмaнските власти го евидентирале само машкото население и тоа не по национална основа туку по вероисповед. Мажите муслимани биле запишувани поради воената обврска, а христијаните поради даноците. Меѓутоа постоеле еден вид на матични книги т.н нуфуз дефтери во кој биле запишувани датумот на раѓање, името, името на родителите и презимето, меѓутоа од нуфузите не може да се утврди националниот состав на населението во Македонија. Под графата Муслимани биле запишувани: Турците, Циганите, исламизираните Македонци, Арнаутите, Черкезите, Арапите и други, односно припадниците на муслиманската вероисповед. Во графата Рум Милет (Грци) биле запишувани сите православни христијани во Отоманското Царство кој биле под духовна јуриздкција на Цариградската патријаршија, тука спаѓаат Македонците-патријаршисти кој биле нарекувани и како Грци. Христијанското население кое било под духовна власт на Бугарската егзархија било запишувано како Бугар милет, тука спаѓаат Македонците-егзархисти кој биле нерекувани како Бугари. Од национален аспект само за Евреите постоела посебна графa како Јауди, но и тука имало исклучок. Евреите муслимани биле впишувани како Турци, види: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
Наводи
уредиЛитература
уреди- Историја на Македонскиот народ, Просветно дело, Скопје, 1972