Народна радикална партија

Народна радикална партија (српски: Народна радикална странка) била доминантна владеачка партија во Кралството Србија и подоцна во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците од доцните 1880-ти до 1928.

Народна радикална партија
Narodna radikalna stranka
ВодачСава Груиќ
Никола Пашиќ
Стојан Протиќ
Аца Станоевиќ
Основана8 јануари 1881 (1881-01-08)
Распуштена30 ноември 1945 (1945-11-30)
ШтабБелград
ВесникСамоуправа
Политика на Србија
Политички партии
Избори
Политика на Југославија
Партии
Избори

Историја

уреди

Во Србија правото на глас и претставнички систем за прв пат се воведени со Намесничкиот устав од 1869 година. Во српското собрание и натаму не постоеле организирани политички партии, туку во групи во собранието се делеле на власт и опозиција. Двете групи кои се бореле за власт биле конзервативците собрани околу Илија Гарашанин и либералите околу Јован Ристиќ.

Премиери од партијата на Радикалите

уреди

Премиер на Србија Години
Сава Груиќ 1888
1889–1891
1893–1894
1903–1904
1906
Никола Пашиќ 1891–1892
1904–1905
1906–1908
1909–1911
1912–1918
Лазар Докиќ 1893
Ѓорѓе Симиќ 1894
1896–1897
Светомир Николаевиќ 1894
Михајло Вуиќ 1901–1902
Петар Велимировиќ 1902
1908–1909
Милован Миловановиќ 1911–1912
Марко Трифковиќ 1912

Премиер на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците Години
Никола Пашиќ 1918
1921–1924
1924–1926
Стојан Протиќ 1918–1919
1920
Миленко Весниќ 1921–1922
Никола Узуновиќ 1926–1927
Велимир Вукичевиќ 1927–1928