Народен театар - Гевгелија

Народниот театар - Гевгелија - културна установа, односно театар со седиште во Гевгелија.

Народен театар - Гевгелија
Основана1955; пред 69 години (1955)
Видтеатар
Седиштеул. „7 Ноември“ бб
МестоГевгелија
Службени јазицимакедонски

Историја уреди

Народниот театар во Гевгелија бил изграден во 1953 година и претставува едно од позначајните културно-архитектонски обележја на градот. По земјотресот во 1990 година и пожарот во 1996 година, театарот бил надвор од употреба. После опожарувањето била извршена санација на конструкцијата и покривот на објектот, но неговата внатрешност и фасадата останале во руинирана состојба.[1]

Во седумдесеттите години на минатиот век во овој објект било создадено КУД „Јосиф Јосифовски - Свештарот“ во чии рамки, со помош на познатиот драмски уметник Мите Грозданов биле поставени претставите „Црнила“, „Вечни студенти“, „Алат“, „Јама“ и други.[2]

На 14 април 2003 година, Владата на Република Македонија со одлука го предала Народниот театар да биде под јурисдикција на Општина Гевгелија.[3]

Во ноември 2010 година било најавена целосна реновација на театарот.[1] Вредноста на проектот бил 650 илјади евра, 500 илјади од Европската комисија и 150 илјади од Општината.[2] На 17 декември 2011 година, театарот бил пуштен во употреба со претставата „Свадбата на Фигаро“.[4]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Половина милион евра за реновирање на театарот во Гевгелија“. build.com.mk преку web.archive.org. 15 ноември 2010. Архивирано од изворникот на 13 ноември 2020. Посетено на 13 ноември 2020.
  2. 2,0 2,1 „По две децении Гевгелија доби нов театар“. slobodnaevropa.mk преку web.archive.org. 15 декември 2011. Архивирано од изворникот на 13 ноември 2020. Посетено на 13 ноември 2020.
  3. „Одлука за престанување и пренесување права на недвожност „Народен театар" Гевгелија“ (PDF) (34/03. изд.). Службен весник на Република Македонија. 15 ноември 2010. Посетено на 13 ноември 2020.
  4. „По две децении Гевгелија доби нов театар“. Влада на Република Македонија преку web.archive.org. 19 декември 2011. Архивирано од изворникот на 13 ноември 2020. Посетено на 13 ноември 2020.