Наркокартел (погрешно: нарко картел, нарко-картел) — злосторничка организација составена од автономни наркобосови што соработуваат за да ја зголемат својата печалба и да вршат господство над незаконското трговиште на дрога. Овие картели се основани за да се управува доставата на дрога и да се одржат високите цени. Често се наоѓаат во земјите од Латинска Америка, каде што соперништвото меѓу соперничките картели често води до насилни судири за влијание.

Апсење на „Расгуно“ — еден од водачите на колумбискиот наркокартел „Северна долина“

Меѓу земјите каде што дејствуваат значајни наркокартели се Бразил, Тринидад и Тобаго, Јамајка, Доминиканската Република, Мексико, Авганистан, како и земји од Јужна Азија и многу градови во САД.

Хиерархија

уреди

Хиерархиската структура на наркокартелот обично се состои од следниве улоги:

  • Соколи: Познати како „очите и ушите“ на улиците, соколите се разузнавачи одговорни за разузнавање. Тие известуваат за дејностите на органите за спроведување на законот, војската и соперничките групи.[1]
  • Убијци: Оваа вооружена група во рамките на картелот извршува убиства, грабнувања, кражби и изнуди. Тие го бранат својот терен од соперници и власти и управуваат со заштитни рекети.[2][3]
  • Поручници: Заземајќи ја втората највисока положба, поручниците ги надгледуваат убијците и соколите на нивната територија. Тие имаат овластување да вршат тајни убиства без повисоко одобрение.[4]
  • Наркобосови: На врвот на хиерархијата, наркобосовите ја надгледуваат целата наркотрговија. Тие назначуваат водачи за различни територии, создаваат сојузи и организираат високопоставени атентати.[5]

Оваа структура им овозможува на картелите да одржуваат контрола врз нивните операции и територии додека се впуштаат во незаконски дејности низ областите.

Наводи

уреди
  1. „Va Marina por 'halcones del crimen organizado“. Blog del Narco. 21 April 2011. Архивирано од изворникот на 27 August 2011.
  2. Bowden, Charles (Feb 6, 2011). „El sicario, un documental proscrito en México (1)“. YouTube. Архивирано од изворникот на 2016-04-11.
  3. Bowden, Charles F; axellmx1 (Feb 6, 2011). „El sicario, un documental proscrito en México (2)“. YouTube. Архивирано од изворникот 2016-06-30.
  4. „Ejército detiene a lugarteniente del cártel del Golfo“. El Universal. 2 June 2009. Архивирано од изворникот на 12 October 2012.
  5. „DATOS — Principales capos de la droga en México“. International Business Times. November 6, 2010. Архивирано од изворникот на July 15, 2012. Посетено на November 6, 2010.

Надворешни врски

уреди