Напонски делител или делител на напонлинеарно коло во електрониката кое дава излезен напон (Vout) кој претставува дел од неговиот влезен напон (Vin). Напонски делител се однесува на поделба на напонот меѓу компонентите на колото.

Слика 1: Напонски делител

Пример на напонски делител е коло кое се состои од два отпорници или потенциометри во сериска врска. Обично се користи за добивање референтен напон, или за мерење на висок напон преку пропорционален низок. Исто така може да се користи како придушувач на сигнали на ниски честоти.

Принцип на делител на напон

уреди
 
Неоптоварен делител на напон

Напоните на делителот се поврзани на маса и двата отпорника R1 и R2 се врзани во серија. Влезниот напон U доаѓа на двата отпорници, а излезниот напон се мери на краевите на R2.

Користејќи го Вториот Кирхофов закон потоа Омовиот закон со напоните U и U2, можно е да се изведе однос меѓу излезниот U2 и влезниот напон U:

 

При што   и  

значи:

 

Принцип на оптоварен делител на напон

уреди
 
Оптоварен напонски делител

Шемата на поврзување е слична со претходната, но на излезот е оптоварен со отпорник RL. Истиот е во паралелен спој со отпорникот R2. Еквивалентниот отпор меѓу точките на U2 е:

 

Па равенката на напонскиот делител може да се напише:

 

Треба да се напомене дека ако R2 е занемарлив во однос на товарот RL тогаш Req ~ R2 и делителот се однесува како склоп без товар.

Примена

уреди

Мостниот делител на напон главно служи за подобрување на сигналот за да може да се обработува од некое коло притоа да се запази неговата влезна динамика.

Капацитивен напонски делител

уреди
 
Капацитивен делител на напон

Освен напонските делители со отпорници, постојат исто така капацитивни напонски делители кои се состојат од два кондензатора. Овие делители не овозможуваат делење на еднонасочен напон – кондензаторите не спроведуваат струја ако напонот на нивните краеви е еднонасочен – но може да се користат при наизменичен напон. Во овој случај, особено внимание треба да се обрне на динамичкото однесување на склопот [1].

Во случај на капацитевен напонски делител важи :

 

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Kuechler 2005, стр. 348–365.

Литература

уреди
  • Horowitz, Paul; Hill, Winfield (1989). The Art of Electronics. Cambridge University Press.

Надворешни врски

уреди