Наоки Урасава
Наоки Урасава (јапонски: 浦沢 直樹) — познат мангака, кој работи во полето на сеинен-манги. Некои од неговите најпопуларни дела ги вклучуваат 20th Century Boys, Master Keaton и Monster. Наоки Урасава е роден на 2 јануари 1960 г. во Токио и дипломирал економија на Универзитетот Меисеи.[1] Се заинтересирал за манга уште во училиште. Тој го имал своето деби во 1981 г. со мангата Return, која ја добила наградата за издателство „Шогакукан“ во 1990 г. Двапати ја има добиено наградата „Шогакукан“, двапати наградата „Тезука Осаму“ за културни достигнувања и еднаш наградата за издателство на манги Kodansha.
Наоки Урасава | |
---|---|
Наоки Урасава во 2012 г. | |
Роден/а | Наоки Урасава 浦沢 直樹 2 јануари 1960 Токио, Јапонија |
Занимање | мангака, музичар, ТВ- и радиоводител |
Образование | Универзитет Меисеи |
Предмет | сеинен |
Значајни дела | 20th Century Boys Monster Pluto Billy Bat Yawara! Master Keaton Happy! |
Години на активност | 1981— |
Четири негови дела се адаптирани во аниме: Yawara!, Master Keaton, Monster и Pluto.
Младост
уредиУрасава го навел Осаму Тезука како еден од неговите херои, кој особено ја сакал неговата манга Phoenix (Феникс).[2] „The Greatest Robot on Earth“ и „The Artificial Sun“ од „Astro Boy“ на Тезука му биле неговите први искуства со манга на четири или пет години.[3] Отприлика на истата возраст почнал да црта манга, а на осум години ја создал својата прва целосна приказна.[4] Уште на млада возраст, Урасава ја видел врската помеѓу неговата работа и онаа на „вистински мангака“. Тој рекол дека може да препознае манга што е „рекламирана“ и направена само за пари, нешто што тој не сака да го прави. Така, тој никогаш не помислил да стане професионален мангака и дипломирал на Универзитетот Меисеи со диплома по економија.[4]
Наводи
уреди- ↑ monster.viz.com Архивирано на 27 ноември 2012 г.. Naoki Urasawa’s Monster.
- ↑ „Naoki Urasawa Talks about Manga and Professionalism“. comipress.com. 2007-01-27. Архивирано од изворникот August 17, 2016. Посетено на 2016-09-18.
- ↑ Urasawa, Naoki (2009). Pluto, Volume 1. Viz Media. стр. 192–195. ISBN 978-1-4215-1918-0.
- ↑ 4,0 4,1 „INTERVIEW: All You Need is a White Piece of Paper and Pen: A Conversation with Monster and 20th Century Boys Creator Naoki Urasawa“. Crunchyroll. 2019-02-06. Архивирано од изворникот May 10, 2020. Посетено на 2020-02-14.
Надворешни врски
уреди„Наоки Урасава“ на Ризницата ? |