Нако Станишев
Нако Станишев (Кукуш, 1810 – Кукуш, 1876) — македонски деец, застапник за еманципацијата од Цариградската патријаршија, истакнат претставник на Кукушката унија. Долгогодишен претседател на Кукушката црковно-училишна општина. Бил во врска со Димитар Миладинов и со епископот Партенија Зографски. Подоцна ја напуштил унијата.[1]
Нако Станишев | ||
Роден | 1810 Кукуш | |
---|---|---|
Починал | 1876 Кукуш | |
Занимање | Македонски деец |
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1416. ISBN 978-608-203-024-1.