Надежда Грачева
Надежда Александровна Грачева (руски: Надежда Александровна Грачёва, 21 декември 1969) - руска балерина, наставничка по балет и уметник кој играл за Бољшој балет.
Биографија
уредиНадежда Грачева е родена во Семеј, Казахстан и студирала на Казахстанската балетска школа во градот Алмати. Откако го освоила второто место за јуниори на Меѓународниот балетски натпревар во Варна во 1986 година, ја примиле на Московскиот колеџ за кореографија каде што студирала со Софија Головкин.[1]
Кариера
уредиОткако ја завршила обуката Надежда се приклучила на Балетот на Бољшој во 1988 година и настапувала како солист. Како ученичка на Галина Улјанова а подоцна и на Марина Кондратијева, таа настапувала во многу улоги на класичниот репертоар, како и улоги во многу дела на современи кореографи. Скоро после тоа станала водечка балерина на Бољшој и ја освоила титулата примабалерина откако ја играла Ники во продукција на Ла Бајадера во 1991 година.[2]
Награди
уредиДел од наградите што ги добила се: Беноисова награда за танцување (1992), златен медал на јапонскиот меѓународен балетски натпревар (1995 година), награда за Народен уметник на Русија (1996 година) и Државна награда на Руската Федерација (1997 година).[2] Таа го добила и рускиот орден на честа во 2001 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Nadezhda Gracheva“. Bolshoi. Посетено на 19 март 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 2,0 2,1 „Nadezhda Gracheva“. The Ballerina Gallery. Посетено на 19 март 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)