Нагорна аорта
Нагорната аорта е почетниот нагорен дел од аортата. Нагорната аорта е долга околу 5 сантиметри. Таа започнува од левата срцева комора и продолжува со лакот на аортата.
Нагорна аорта | |
---|---|
Нагорната аорта и лакот на аортата со нивните гранки | |
Податоци | |
Извор | Лева комора |
Разгранови | Лева срцева артерија, десна срцева артерија и продолжува со лакот на аортата |
Назнаки | |
Латински | Aorta ascendens, pars ascendens aortae |
TA | A12.2.03.001 |
FMA | FMA:3736 |
Гранки
уредиЕдинствени гранки на нагорната аорта се левата и десната срцева артерија, кои поаѓаат од нејзиниот корен. Овие артерии се нутритивни крвни садови на срцето.