Набалија
Набалија ― древна река на територијата на денешна Холандија, која еднаш ја споменал римскиот историчар Такит, во неговите Истории (5:26).
Реката мора да имала некое мештанско, стратешко или религиозно значење, бидејќи во 70 година Јулиј Кивилис кој бил водачот на Батавскиот бунт, го одбрал ова место за да преговара за мир. Бил изграден мост, каде завојуваните страни се приближувале една кон друга од двете страни. Иако Такит му припишал говор одржан овде на римскиот капетан Кериалес, тој не го вклучил самиот говор и така условите на мировниот договор се загубени во маглата на времето. Сепак, Батавците сè уште се сметале за важно племе за Римјаните во подоцнежната книга на Такит, „Германија“ (98 н.е.). Нема показатели за остра одмазда, а Батавците продолжиле со својата привилегирана положба на полунезависност во замена за снабдување на елитни трупи на Римската Империја.
Идентификацијата на оваа река не е решена, исто така, поради значителни промени на историските водотеци. Името не дава никаква поим и, очигледно сродство со холандскиот невел и германскиот небел, и двата значејќи „магла“ и изведени од праиндоевропскиот *nebʰ- „небо, облак“, би бил тривијален синоним за секоја река. Предложени се реките Вехт кај Утрехт и Холандски Ајсел.