АЦ „Козлодуј“

(Пренасочено од НЦ „Козлодуј“)

Атомската централа „Козлодуј“ е атомска централа во Бугарија. Таа се наоѓа на брегот на река Дунав, на 5 км источно од град Козлодуј и на 200 км северно од Софија.

Корпус од 1 до 4 блок
Корпус од 5 и 6 блок

Историја

уреди
  • 1965 - на 19 август Политбирото на ЦК на КПБ дал решение за барање помош од СССР за проектирање и изградба на атомска централа.[1]
  • 1966 г. - НРБ потпишала договор со СССР за заедничко градење на атомската централа на оваа територија.
  • 1970 г. - На 6 април започнала изградбата на атомската централа.
  • 1974 - 1975 г. - започнале со работа првиот и вториот блок (по 440 мегавати).
  • 1980 - 1982 г. - со работа започнуваат третиот и четвртиот блок (по 440 мегавати).
  • 1988 - 1993 г. - започнале со работа петтиот и шестиот блок (по 1000 мегавати).

Од 1991 година јачината на шестте блока била 3760 MW. Централата располага со шест атомски реактори — четири со јачина од по 440 мегавати и два со јачина од 1000 мегавати, кои опслужуваат околу 46% од потрошувачката на Бугарија. Централата работи од 2007 година со коефициент за употреба на инсталираните јачини од 83.58%.[2]

Затворање на 3 и 4 блок

уреди

Пред 2003, после притисок од ЕУ, се затворани четирите реактори со јачина од 440 МВт, бидејќи не одговарале со европските стандарди за сигурност. Затворани биле 1 и 2 блок на атомската централа „Козлодуј” во 2003 и во почетокот на 2007 биле затворани 3 и 4 блок на атомската централа, додека 5 и 6 блок сè уште работаат.

Цена

уреди

Вкупната цена на проектот атомската централа „Козлодуј” е многу тешка за пресметување. Голем дел од помошта на СССР не се е смета, а самиот проект е финансиран директно од националниот буџет на НРБ.

Надградба

уреди

Во последно време се појавува предлог за градење на 7 и 8 блок на НЦ.[3] Најверојатбо тие ќе бидат опремени со американски реактори, секои со јачина од по 1000 МВт. Проектот се појавува како последица на забавувањето на изградба на НЦ „Белене“.

Можноста за изградбата на седмиот блок на локацијата на атомската централа „Козлодуј” е сосема реална, при тоа средствата за спроведувањето на проектот ќе бидат околу половината отколку ако се изгради реактор на целосно нова локација.

Наводи

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди