Голак (Огражден)

врв на Огражден во Петричко, Пиринска Македонија

Голак — врв на планината Огражден сместен од страната на Петричко, Пиринска Македонија, недалеку од границата со Македонија. Се издига на висина од 1.639 м на главното планинско било и има куполест облик. Северозападните падини му се стрмни стръмно кон долината на реката Лебница. Сместен е северозападно од врвот Билска Чука, со кој е поврзан со мало седло и североисточно од Муратов Врв. Сочинет е од метаморфни карпи, претежно од лискунски и биотитски гнајсови и амфиболити. Почвата е кафеава шумска, на места излужени. Билото е голо. Падините се обраснати со букови шуми, а на места се покриени со бел бор.

Голак
Врвовите Голак (лево) и Билска Чука (десно)
Највисока точка
Надм. вис.1.639 м
Координати41°30′40″N 23°00′13″E / 41.5111° СГШ; 23.0035° ИГД / 41.5111; 23.0035
Географија
Голак на карта

Карта

МестоПетричко, Пиринска Македонија
Матичен венецОгражден
Карта

Искачување уреди

Главно поаѓалиште за искачување на Голак е селото Гега, од каде почнува планинарска патека обележана со црвено која води до поножјето на врвот (месноста Плетваро).[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 213. ISBN 954-90006-1-3.

Надворешни врски уреди