Муоншки јазик
Муоншкиот јазик (Mường) е матичен јазик на народот Муонзи[1] во Виетнам. Припаѓа австроазиското семејство и е во блиско сродство со виетнамскиот. Како и неговиот сродник, муоншкиот е тонски јазик и има пет тонови.
Муоншки | |
---|---|
Mường | |
Застапен во | Виетнам |
Подрачје | западно од Ханој |
Говорници | 1,2 милиони |
Јазично семејство | |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | mtq |
Јазикот претежно се говори во планинските краишта на северот на земјата, и тоа во покраините Хоа Бин, Тан Хоа, Вин Фук, Јен Бај, Сон Ла и Нин Бин.
Наводи
уреди- ↑ изворно: Người Mường
Надворешни врски
уреди- Муоншки јазик - Ethnologue (англиски)