Мултипла системска атрофија
Мултипла системска атрофија (МСА) е ретко невродегенеративно нарушување[1] кое се карактеризира со автономна дисфункција, тремори, бавно движење, мускулна ригидност, и постурална нестабилност (познати со заедничко име, паркинсонизам) и атаксија. Ова е предизвикано од прогресивна дегенерација на невроните во одредени делови на мозокот, како што се базалните ганглии и малиот мозок.
Мултипла системска атрофија | |
---|---|
Alpha-synuclein immunohistochemistry of the brain showing many glial inclusion bodies | |
Специјалност | Неврологија |
Многу од луѓето со МСА имаат дисфункција на автономниот нервен систем, која се манифестира со ортостатска хипотензија, импотенција, престанок на потење, сува уста и уринарна ретенција и инконтиненција. Парализа на гласните жици е значајна и понекогаш иницијална клиничка манифестација на нарушувањето.
Модифицирана форма на протеинот алфа-синуклеин во зафатените неврони може да предизвика МСА.[2] Околу 55% од случаите се јавуваат кај мажи, а првите симптоми обично се јавуваат на 50–60 години.[3] Симптомите на МСА често се слични со оние на Паркинсонова болест.
Наводи
уреди- ↑ "Multiple system atrophy" at Dorland's Medical Dictionary
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеpmid29743672
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по име:0
.