Текстура (музика)
Во музиката, текстура е севкупната одлика на звукот во една композиција, најчесто назначена од бројот на гласови во музиката и соодносот помеѓу тие гласови (видете видови текстура подолу). Текстурата на едно дело може дополнително да се опише со термини како што се „цврста“ и „лесна“, „груба“ или „урамнотежена“. На пример, се вели дека популарните композиции на Арон Копланд се со „отворена“ текстура. Восприемената текстура на делото може да зависи и од бројот и карактерот на деловите кои свират истовремено, темброт на тие инструменти или гласови, како и хармонијата, темпото и ритмите .
Видови текстура
уредиВо музикологијата, особено во полето на музичката историја и музичката анализа, некои чести поими за разните видеви текстури се:
- Монофонична - еден мелодичен глас без хармонична придружба (може да има ритмичка придружба).
- Полифонична - повеќе мелодични гласови, независни еден од друг во иста мера.
- Хомофонична - повеќе гласови каде еден од нив, мелодијата, јасно се истакнува, додека другите гласови се во позадина, како хармониска придружба. Ако сите делови имаат ист (или ресити ист) ритам, тогаш хомофоничната текстура може да се рече дека е хоморитмичка.
- Хетерофонична - каде гласовите се различни по карактер, движејќи се во спротивставени ритми. Гласовите може да изведуваат една мелодија со истовремени варијации на неа, или пак зналително различни мелодии. (Хетерофонијата може да се смета за поткатегорија на полифонијата, или збогатен/дисхармоничен облик на монофонија, или пак некоја мешавина од двете).
(Hanning, 1998, and Copland).
Иако во музичкото образование извесни стилови и репертоари се поистоветуваат со некој од овие описи (на пр. за Грегоријанскиот корал се вели дека е монофоничен, Баховите корали дека се хомофонични, додека фугите - полифонични), многу композитори користат повеќе од еден вид текстура во рамките на едно дело.
Истовременост е повеќе од една потполна музичка текстура кои се јавуваат истовремено, а не последователно.
Понова текстура, за првпат употребена од Ѓорѓи Лигети е микрополифонијата. Други текстури се хоморитмиката, политематиката, полиритмиката, ономатопејата, сложената, и мешаната или композитна текстура (Corozine 2002, стр.34).
Извори
уреди- Copland, Aaron. What to Listen for in Music. Издадавач: Signet Classic, печатено од New American Library, одделение на Penguin Group (USA) Inc., 375 Hudson Street, New York, NY.
- Corozine, Vince (2002). Arranging Music for the Real World: Classical and Commercial Aspects. ISBN 0-7866-4961-5.
- Hanning, Barbara Russano, Concise History of Western Music, заснована на A History of Western Music од Donald Jay Grout & Claudia V. Palisca , Петто издание. Издавач: W W Norton & Company, New York, Copyright 1998. ISBN 0-393-97168-6.
Библиографија
уреди- Hyer, Brian: 'Homophony', Grove Music Online ed. L. Macy (пристапено на 24 септември 2006), <http://www.grovemusic.com Архивирано на 16 мај 2008 г.>
- Frobenius, Wolf: 'Polyphony', Grove Music Online ed. L. Macy (пристапено на 24 септември 2006), <http://www.grovemusic.com Архивирано на 16 мај 2008 г.>
- 'Monophony', Grove Music Online ed. L. Macy (пристапено на 24 септември 2006), <http://www.grovemusic.com Архивирано на 16 мај 2008 г.>
Надворешни врски
уреди- Водич низ музичката текстура со мултимедија Архивирано на 5 декември 2003 г. (англиски)
- ↑ Benward & Saker 2003, стр. 133.
- ↑ Kliewer 1975, стр. 270–301.