Музеј на историските скапоцености на Украина
Музејот на историските скапоцености на Украина (украински: Музей історичних коштовностей України) е еден од водечките музеи во Украина и светот, кој се состои од историски и уметнички скапоцености од благородни метали и скапоцени камења.
Музеј на историските скапоцености на Украина Музей історичних коштовностей України | |
---|---|
Поглед кон музејот | |
Општи податоци | |
Град | Киев |
Земја | Украина |
Почната | 1969 |
Музејот е гранка на Националниот историски музеј на Украина и за јавноста за прв пати бил отворен на 7 јануари 1969 година.
Музејот се наоѓа во комплексот Киевско-печерска лавра. Денеска тој се состои од околу 56.000 артефакти од археолошко, културно и историско значење.
Најстарите предмети датираат од 4 век п.н.е.
Надворешни врски
уреди- Музеј на историските скапоцености на Украина Архивирано на 3 јануари 2018 г.