Музеј на водата (Киев)
Музејот на водата (украински: Музей води) е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.
Основан | 2003 |
---|---|
Место | Киев, Украина |
Музејот бил основан во 2003 година, со поддршка на Министерството за животна средина на Данска. Музејот се наоѓа во склоп на првиот централизиран систем за снабдување на вода на градот, кој пак бил изграден во периодот од 1872 до 1876 година од страна на архитектот Александар Шил.
Кулата, која се наоѓа на влезот од објектот била изградена во 1876 година, а реконструирана во 2003 година.
Галерија
уредиИнформативен центар | Вештачки водопад | Базен со риби |