Музеј на Шолем Алехем (Киев)
Музеј на Шолем Алехем (украински: Музей Шолом-Алейхем) е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев. Музејот е посветен на животот и делото на познатиот украински еврејски писател Шолем Алехем, чии дела се преведени на 64 јазици ширум светот.
Основан | 2009 |
---|---|
Место | Киев, Украина |
Музејот бил отворен на 2 март 2009 година за 150-годишнината од раѓањето на уметникот и истиот се наоѓа на улица Црвена армија. За создавањето на музејот биле потрошени околу 2 милиони гривни[1].
Музејот се состои од експонати за животот и делото на писателот. Во музејот има околу 500 експонати.