Музеј на Оскар Нимаер
Музејот на Оскар Нимаер (португалски: Museu Oscar Niemeyer) — музеј во Куритиба, во бразилската сојузна држава Парана. Отворен бил во 2002 година под називот „Нов музеј“, а од 8 јули 2003 година е познат како „Музеј на Оскар Нимаер“.
Музејот ги опфаќа делата од современата ликовна уметност, архитектурата и дизајнот. Со својата величественост, убавина и важноста на колекцијата, тој претставува културна институција од меѓународно значење.
Комплексот од две згради, изградени на површина од 35 илјади квадратни метри (од кои 19 илјади се посветени на изложбениот простор), тој е вистински пример за архитектура поврзана со уметноста. Првата зграда е дизајнирана од Оскар Нимаер во 1967 година, верна на стилот на тоа време, и замислена како образовен институт, отворен во 1978 година.[1].
Опис
уредиМузејот располага со многу елементи во кој се следи стилот на Нимаер: задебелени геометриски форми, вајарски заоблени волумени поставени видливо за контраст со правоаголни волумени, подвижни рампи за пешаци, големи површини од бело обоен бетон и површими со живописни мурали или слики. Иако е вкоренет во модерната архитектура уште од неговото вклопување во меѓународен стил, проектите на на Нимаер имаат многу заедничко со постмодерната архитектура и ова е исто толку современа градба како и уметничкоте дело што ги содржи во голем број.[2].
Стилски одлики
уредиОскар Нимаер е еден од најзначајните аритекти на дваесеттиот век. Ова е едно од делата во кој авторот најслободно и најсмело ги изнел своите архитектонски замисли. Во својот уметнички израз Нимаер комбинирал бетон, стакло и челика. Тоа е израз кој ќе биде суштинска визура во модернистичката архитектура со планетрана распространетост. Како еден од главните творци на овој архитектонски израз со смелоста, фантазијата, концизноста, органичноста и синтезата , Нимаер го развива до совршенство меѓународниот архитектонски модернистички стил при што во овој негов проект успеал да ја наруши „архитектонската гравитација“ создавајќи лебдечки и совршено избалансирани архитектонски елементи издигнати и ослободени над земјената површина - своевидни архитектонски скулптури. Неговиот архитектонски израз не само што ќе изврши големо влијание на генерации светски архитекти туку и во голема мера ќе придонесе за новата архитектонска визура во светски рамки.[3].
Галерија
уреди-
Фронтален поглед на Окото на Нејмејер.
-
Страничен поглед на музејот „Оскар Нимаер“, прикажан низ леќата, кула за очи.
-
Детали за графичките дизајни на структурата на очите на Нимаер.
-
Главната музејска зграда каде што се изложени повеќето колекции.
-
Поглед кон музејот.
Литература
уреди- Lauro Cavalcanti, Maria José Justino, Paulo Herkenhoff (2008) (in германски), Museu Oscar Niemeyer, Curitiba: Museu Oscar Niemeyer, ISBN 978-85-60638-05-5
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Музеј на Оскар Нимаер“ на Ризницата ? |