Мојот XX век (унгарски: Az én XX. Századom) - унгарски филм од 1989 година во режија на Илдико Ењеди (Ildyko Enyedi), која е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Дорота Сегда (Dorota Segda), Олег Јанковски (Oleg Yankovskiy) и Паулус Манкер (Paulus Manker). Филмот бил добитник на „Златна камера“ на Канскиот филмски фестивал.[1]

Синопсис

уреди

При крајот на Австроунгарската монархија, разделени идентични близанци се возат во „Ориент експрес“ не знаејќи дека се толку блиску еден до друг. Тие растеле одделно како посвоени деца во две сосема различни семејства. Дора и Лили се родени на прагот од XX век, на денот кога Едисон на светот му ја претставил електричната светилка. Околу 1900 година, темите, како што се граѓанските и човековите права на жените, како и правата на национално самоопределување, кои ги застапуваат близнаците, се во полн замав...[1]

Наводи

уреди