Мост „Беласица“ (Скопје)

Мост „Беласица“мост на реката Вардар во Скопје. Мостот ги поврзува булеварите „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“ преку истоимената улица „Беласица“.

Беласица
Поглед на мостот „Беласица“ (подалечниот мост), и Железничкиот мост (поблискиот мост)
Координати41°59′41″N 21°26′48″E / 41.9947583° СГШ; 21.4465524° ИГД / 41.9947583; 21.4465524
Носипешаци и моторни возила
ПреминуваВардар
МестоСкопје
Официјален називМост „Беласица“
Особености
Вкуп. должина126
Ширина24
Историја
Отворен8 септември 2005
Затворенод 12 мај 2023 до 2 мај 2024
Местоположба
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found

Изградба

уреди

Градбата на мостот почнала во 2003 година, а бил пуштен во сообраќај во 2005 година на Денот на независноста, 8 Септември. Градежните работи ги изведувало градежното претпријатие „Бетон“ и трошоците изнесувале 3 милиони евра. Името на мостот подоцна му е дадено.[1]

Пожар на мостот

уреди

На 11 мај 2023 година во 23:57 часот се појавил пожар на долната страна на мостот кој бил локализиран во 1:45 на 12 мај. Во гаснењето учествувале 21 пожарникар со 8 противпожарни возила. Од безбедносни причини, мостот е затворен за сообраќај.[2]

Повторно пуштање во сообраќај

уреди

Од 2 септември 2023 година, мостот е повторно отворен за сообраќај, но само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи од страна на ЕСМ.[3]

Од 2 мај 2024 година мостот е целосно отворен за сообраќај.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Сообраќај и преку новиот мост на Вардар“. Даниела Трајковска. Вечер. 6.09.2005. Архивирано од изворникот на 2023-08-01. Посетено на 1 август 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „Ноќва изгаснат голем пожар на мостот „Беласица" на Вардар, го гаснеле 21 пожарникар со 8 возила“. Нова Македонија. 12.05.2023. Посетено на 1 август 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „Од денеска повторно може да се вози по мостот „Беласица". Скопјеинфо.мк. 2.09.2023. Посетено на 18 септември 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „Мостот Беласица е целосно отворен за сообраќај“. Лидер. 02.05.2024. Посетено на 2 септември 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)