Морена (малтешка пејачка)
Морена, вистинско име Маргерита Камилери Фенеч[1] (родена 1984[1]) е пејачка од Саннат, Гозо, Малта.
Морена | |
---|---|
Животописни податоци | |
Родено име | Маргерита Камилери Фенех |
Познат(а) и како | Морена |
Роден(а) | 7 март 1984 |
Потекло | Саннат, Малта |
Жанрови | поп, Ритам и блуз, Денс |
Занимања | Пејачка |
Инструменти | Вокали |
Период на активност | 2006– |
Морена на Евровизија
уредиВо 2006 година, Морена учествуваше во „Malta Song for Europe“, националниот натпревар на Малта за пристап на Изборот за песна на Евровизија. Таа настапи со Пол Џордимаина со песната „Time“ на 9-то место со 3046 гласови.
Две години подоцна, Морена повторно учествува во „Малта песна за Европа“, со 2 песни, „Casanova“ и „Vodka“. И двете песни имаат пристап до финалето, „Casanova“ се најде на 5-то место со 3.607 телегласови и 40 поени од жирито, а „Vodka“ победи на натпреварот со 49 поени од жирито и вкупно 16.979 гласови од јавноста (33%).[2]
Морена учествуваше во второто полуфинале на Евровизија 2008 во Белград на 22 мај, но не успеа да се квалификува во финалето.