Монтевидео, или новата Троја
Монтевидео, или новата Троја (француски: Montevideo, ou une nouvelle Troie) ― роман на Александар Дима од 1850 година. Станува збор за историски роман за Уругвајската граѓанска војна, каде што уругвајските претседатели Мануел Орибе и Фруктуозо Ривера го оспорувале владеењето на земјата. Името поставува напоредништво со Тројанската војна, бидејќи Орибе го држел Монтевидео, главниот град на Уругвај, под опсада долги години (позната како Големата опсада на Монтевидео).
Автор | Александар Дима |
---|---|
Изворен наслов | Montevideo, ou une nouvelle Troie |
Земја | Франција |
Јазик | Француски |
Издадена | 1850 |
Заплетот на книгата прави резиме на историјата на Уругвај, од шпанската колонизација до Граѓанската војна. Така, Хуан Мануел де Росас, Хуан Факундо Кирога, Хосе Хервасио Артигас, Бернардино Ривадавија и Џузепе Гарибалди се третираат како книжевни ликови.[1] Дима ги опишува Артигас и Росас како варвари, а Монтевидео како извор на цивилизацијата. Слична дихотомија помеѓу цивилизацијата и варварството била тема на Факундо, друга антирозистичка книга објавена од Доминго Фаустино Сармиенто во 1845 година.[2] Дима го опишал Росас, кој го поддржувал Орибе, како кукавица кој ја избегнал Аргентинската војна за независност и ја презел контролата врз Буенос Аирес со варварска орда, а Монтевидео како јуначки град кој стои против него.[3]
Дима никогаш не бил во Уругвај, ниту пак знаел од прва рака за војната. Неговата работа се засновала на извештаите на антирозистот Мелчор Пачеко, кој барал француска поддршка против Росас, и на тој начин ги извртувал информациите за администрацијата на Росас за да добие таква поддршка.[2][3] Веројатно сличностите со книгата на Сармиенто биле воведени од книгата на Пачеко, бидејќи би било малку веројатно дека Дима го прочитал делото на првиот.[4]
Книгата е уредувана двапати во Аргентина, еднаш во текот на 1960-тите и повторно во 2005 година.[1][5] Превод на англиски јазик е достапен за Amazon Kindle од 2019 година.[1][6]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Reseña de NUEVA TROYA, LA Архивирано на 4 март 2016 г. (на шпански)
- ↑ 2,0 2,1 La Nueva Troya (на шпански)
- ↑ 3,0 3,1 „Página/12 :: libros“.
- ↑ Bohemio de las pampas (на шпански)
- ↑ Dumas, Alexandre; Waksman, Alejandro (2005). La nueva Troya. ISBN 9789872218119.
- ↑ Montevideo, or the new Troy.