Моноспитовско Блато

(Пренасочено од Моноспитовското Блато)

Моноспитовско Блато — големо мочуриште, кое се наоѓа десетина километри североисточно од Струмица, во долината на Стара Река која заедно со Струма и реката Турија се разлива низ Струмичката Котлина. Се претпоставува дека блатото е остаток од некогашното големо езеро кое настанало пред дваесет милиони години во време кога се формирало Егејското копно, а подоцна истекло кон Егејското Море.[1]

Моноспитовско Блато
МСЗП — Категорија III (споменик на природата)
Поглед на Моноспитовското Блато
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value
Најблизок градСтрумица
Координати41°23′40″N 22°46′50″E / 41.39444° СГШ; 22.78056° ИГД / 41.39444; 22.78056
Површина8,51 км2
Воспоставен(а)1987 (1987)

Опис

уреди

Блатото се наоѓа на надморска височина од 240 метри, кое со својата богата флора и фауна е единствената блатна површина во Македонија. Во минатото, блатото имало површина од околу 5 илјади хектари, а сега познатиот ѓол едвај се простира на 400 хектари. Опколен со повеќе видови дрвја, папрати, барска трска и безброј птици, овој споменик на природата потсетува на мала џунгла во која сè уште се кријат уникатни растенија и животни кои ги нема на други простори, не само во Македонија, туку и на Балканот.

Биоразновидност

уреди

Моноспитовското Блато во минатото се одликувало со голема биоразновидност, но сепак за овој простор постојат мал број податоци, со исклучок на истражувањата на некои алги, виши растенија и растителни заедници. Заради тоа, не е лесно да се изврши споредба на некогашната состојба со биоразновидноста во однос на денешната, но јасно е видлива деградацијата која продолжува и денес.Описот на биоразновидноста прикажана во оваа публикација се заснова на моменталните нецелосни сознанија. Тие се однесуваат на разновидноста на стаништата, растителните заедници, флората, дијатомејските алги, некои безрбетници, рибите, водоземците, влекачите, птиците и цицачите.

Туризам

уреди

Со рачно изработени предмети од трска, дрво и платно, месното население од селото Моноспитово на големо се подготвува за привлекување на туристите за Моноспитовското блато кое почна да се ревитализира. Тие преку обука ги обновиле изумрените занаети кои своевремено биле единствена егзистенција покрај познатото мочуриште. Чајки од дрво (чамци за пловење во Моноспитовското блато), леси од шамак и трска, разни декоративни предмети од глина, трска и платно, се нудат на гостите, кога доаѓаат да уживаат во богатата флора и фауна на Моноспитовското блато. Моноспитовското блато со 170 илјади евра помош од ЕУ ќе се ревитализира и во иднина треба да стане природонаучен музеј, со патна мрежа на платформа, посматрачници и ловџиски куќички.

Наводи

уреди
  1. Меловски, Љ., Иванов, Ѓ., Ангелова, Н., Велевски, М., Христовски, С (2008). МОНОСПИТОВСКО блато: Последното мочуриште во Македонија (PDF). Струмица: Општина Босилово. стр. 56. ISBN 978-9989-57-584-6.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски

уреди