Момоерија (грчки : Μωμο'ερων или момогерои (Μωμογεροι), или момоерои (Μωμοεροι)) е новогодишна прослава во осум села во Кожани, периферијата на западна Македонија во Грција. Танчерите на момоерија се група од 30 млади мажи кои ги претставуваат свештениците на Момо (богот на смеата и сатирата) или заповедниците на Александар Македонски со шлемови, оклопни здолништа, традиционални обувки и украсени стапови. Од 25 декември до 5 јануари танцуваат по селските улици и ги посетуваат домовите на луѓето со музика, обично гајди. Во танцот ги слушаат наредбите на командантот за да им угодат на силите на природата против опасностите за добитокот и селаните. Глумците околу танчерите ја изведуваат добро познатата сатирична претстава (како „Старецот и ѓаволот“) која публиката ја повикува да ја задева, создавајќи забавно окружување. Прославата кулминира на плоштадот каде што сите се собираат и пеат и танцуваат околу огнот до утрото.

Овој обичај датира од претхристијанската ера, а подоцна и од „покрстените“ понтски Грци, кои живееле на бреговите на Црното Море и во понтските планини во североисточна Мала Азија.[1].

Момоерија во 2016 година е впишана на списокот на УНЕСКОО за нематеријално светско наследство во Европа.[2].

Наводи

уреди
  1. Macedonian custom makes UNESCO Cultural Heritage List, greekcitytimes.com 2. prosinca 2016. (англиски) Pristupljeno 2. kolovza 2018.
  2. Opis nematerijalne svjetske baštine na službenim stranicama UNESCO-a (англиски) Pristupljeno 2. kolovoza 2018.

Надворешни врски

уреди