Молох (семитски: מולך) е име кое се јавува кај различни хебресјки и арапски зборови кои се однесуваат на кралеви и може да биде име било на бог или име за конкретен облик на жртвување деца поврзано со огнот.

Илустрација на Молох од 18. век.

Кај старите семитјани Молох е бог на сонцето и војната , најмногу почитуван кај старите евреи. Воедно Молох историски се поврзува со културите низБлискиот Исток, вклучувајќи ја амонитската, еврејската, канаанската и феникијската култура[1].

Евреите во Палестина му принесуваа човечки жртви, како и првороденчиња.

Фигуративно, молох означува страшна и слепа сила која побарува бројни и невини жртви, нпр. молох на војната.

Наводи

уреди
  1. "според Johnston, Sarah Isles, Religions of the Ancient World: A Guide. Cambridge: Harvard University Press. ISBN 0-674-01517-7. p.335