Солунска Глава

(Пренасочено од Мокров)
Солунска Глава

Поглед на врвот Солунска Глава непосредно од северозападната страна
Висина &100000000000025400000002.540 м
Место Македонија Македонија
ВенецЈакупица, Мокра Планина
Најлесна патекатрансферзала „Македон“

Солунска Глава или Мокропланински врв во Македонија на планината Јакупица дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина, со височина од 2.540 м.

Планинарење

уреди
 
Поглед кон врвот „Солунска Глава“ на планината Јакупица, од позиција над селото Папрадиште.

Планинарскиот дом „Чеплес“ се користи како појдовна точка, при што може да се направи искачување на самиот врв во траење од околу 3 часа пешачење во добри временски услови во летниот период. Можни се брзи промени на временските услови од кои причини искачувањето до врвот се препорачува на искусни планинари или во организирани групи во кои има искусни планинари. Доколку се користи за појдовна точка п.дом Караџица, искачувањето до врвот трае околу 5 часа. Како можни тури преку врвот Солунска Глава планинарите ги користат следниве траси:

  • Траса Чеплес - Солунска Глава - Убава - Патишка река - Скопје. Околу 8 часа пешачење.
  • Траса Чеплес - Солунска Глава - Планинарски дом „Караџица“ - 8 Часа пешачење

Алпинистички искачувања во Нежиловските Карпи (Јужната страна на Солунска Глава)

Солунска Глава од својата јужна страна претставува маркантен алпинистички објект, амфитеатар со широчина од околу 5 km и височина до околу 700 м. На јужната карпа се разликуваат два дела: Источната стена, која е помала и не толку хомогена, и Јужната стена, која е поголема, околу 700 м и далеку похомогена и покомпактна. Карпата по состав е варовник со примеси. Како таква е доста кршлив, и на многу места е густо обрасната со трева. Пукнатините за поставување на осигурување се доста тесни и плитки, дури и некаде воопшто ги нема. Во Нежиловските Карпи можат да качуваат добро подготвени алпинисти, поради тоа што има и доста напорен пристап, местото се наоѓа доста далеку од цивилизација, во карпата има многу малку оставена фиксна (ин ситу) опрема, карпата е доста ронлива, нема скоро никава можност за осигурување со чокови и френдови.

Пристап

уреди

Најдобра појдовна точка за искачувањата е Планинарскиот Дом „Чеплес“. Како пристап за јужната стена се користи сувиот кањон над изворот на реката Бабуна (последно место каде може да се наполни вода). Движењето по овој див и непристапен кулоар е по карпест терен со тежина до III (по UIAA). До самото подножје на карпата е потребно минимум 3 часа, и потоа уште 1-2 часа во лево за кон истолната стан или десно кон Јужната карпа. За пристапување до Источната стена, може да користи пристапот преку изворите на реката Бабуна (последно место каде може да се наполни вода), или пак, од местото викано Долна Бабина Рупа, да се пречи во лево, низ шумата, и потоа постојано да се пречи под Источната стена. Идејата за пристап со абелзување е стара, и првиот обид за реализација бил во 1986 година, кога поголема група македонски алпинисти прават искачувања во Нежиловските Карпи (како дел од подготовките за МАХЕ „Манаслу '86“). Тие тогаш планирале да го опремат со фиксни јажиња кулоарот кој ги дели Јужната и Источната Стена, познат како Црвен Кулоар. Потоа, во 1998 година, поставени се абзелни сидришта на гребенот лево од овој кулоар. Во 2007 година се поставени абзелни сидришта (со по 2 експанзивни клина) во Црвениот кулоар и вкупно со 7 јажеви должини (потребни 60 м-ски јажиња) се стигнува до лесен терен и со пречење да се влезе во било кој дел од Нежиловските Карпи. Во 2005 голема екипа македонски алпинисти прават абзелна линија (на секое сидриште по 2 експанзивни клина) во централниот дел од Јужната Стена. На горниот дел нема карабинери на сидриптата. Во долниот дел Дарио Милошевиќ и Бојан Митковски ги поставуаат преостанатите сидришта и абзелуваат до подножјето на амфитеатарот. Досега најкористена е азбелната линија поставена во 2007 година во Црвениот Кулоар. Овој пристап е добар доколу се планира качување во Источната стена. При абзелувањето треба да се внимава да ронливост и локација на сидриштата. Единствен проблем со користењето на оваа абзелна линија е што големи наноси на снег се задржуваат и до средината на летото, и неретко некои сидришта се затрупани со снег. Пристапувањето со абзелување е напорно и долготрајно, особено доколку се тргнува од Планинарскиот Дом „Чеплес“. Поради тоа досега релативно малку наврски пристапувале со абзелување

Опрема

уреди

Нежиловските Карпи се ронливи и поради тоа секој кој качува таму мора задолжително да носи шлем, кој треба да биде доволно цврст и според стандардите на UIAA. Прикладно е да биде во бела боја поради целодневната изложеност на сонце, и да може добро де се прицврсти челната лампа. Често знае да биде студено наутро (и навечер), па имајте предвид и носење на капа по шлемот. Потребен е удобен појас. Патиките треба да се доволно удобни поради долготрајните искачувања. Резервната облека е добредојдена при промена на временските услови што не е невообичаено за карпа која се наоѓа на толку голема надморска височина. Челната лампа е задолжителна, поради тоа што тргнувањето треба да се направи рано, а некогаш наврската може да ја фати мрак, особено при симнувањето по искчаувањето. Секој во наврската треба да има алатка за обезбедување/абзелување, 2-3 карабинера со навртка, 3 карабинери (без навртка). Личната опрема за самоизлевкување и излвекување (прусици) е задолжителна. Чеканот и клиновите се нешто без што не може да се замисли качувањето во Нежиловите стени. Чоковите и френдовите речиси и не наоѓаат место во карпата. Потребен е добар, доволно тежок и сигурен чекан, тежок барем 500 g, со доволно долга рачка (30 - 35 cm), за ковање и вадење на „тврдоглавите“ клинови. Задолжително да биде врзан со замка, и за време на пристапот носете го внатре во ранецот. Од осигурување потребно е да се носат клинови. Борјот на клинови најмногу зависи од избраната насока, но околу 20 клина се сосем доволни и за посериозните искачувања направени во овие карпи. Најкорисни се кратките и тенки хоризонтални (и/или универзални) клинови, но потребни се и неколку подолги хоризонтални (и/или универзални) клинови, како и неколку профилни клина (кајли). Имајте и одредена резерва за непредвидени систуации, доколку некој клин падне, за абзелување, или доколку закованиот клин не може да излезе. Голем број од искачувањата во Нежиловите стени се направени со единечно јаже. Со него полесно се ракува и качувањето оди побрзо. Многу поголема безбедност нуди користењето на двојно јаже, особено поради опасноста од одрони. Доколку планирате пристапување со абзелување низ Абзелната линија, мора да носите двојно јаже, или единечно јаже со помошно јаже за повлекување. Користењето на двојни јажиња или единчено јаже со помошно јаже за повлекување непланиран абзел. Должината на јажето најдобро да биде од 50 - 60 m. Пократки јажиња во извесна мера се користени во минатото, а подолги јажиња само претставуваат проблем. Поради ризикот од оштетување на јажето при ненадеен одрон треба да се носи јаже со поголем пречник. За двојни јажиња пречникот добро е да биде 8,5 – 9 мм, а за единечни 10,2 – 11 мм. Комплети. Кратките комплети не некорисни за оваа карпа. Потребен е сосем мал број кратки комплети (10–20 см), најдобро 2-3 кратки комплети. Поголем број на кратки комплети е само вишок, а потребно е да се носат 7-10 долги гуртни (60 см), и 2 гуртни долги 120 см. Потребно секој во наврската до носи по 1-2 сидришни замки (одврзани долги по 5,2 м). Гуртните и замките се доста важни затоа што ретко кога клинот е на добра позиција за да се користи краток комплет. На секоја гуртна треба да има по барем 1 карабинер, а најмалку на секоја втора да има 2 карабинера (за полесно копчање и носење). За на секое сидриште имајте и резефва 1-2 карабинера, затоа што пукнатините за клинови се оскудни и неретко сидриштата треба да се прават со 3 и повеќе клина. Качувањето во Нежиловските Карпи ги има сите одлика на вистинско алпинистичко качување, и оради тоа потребно е планирање на количеството на понесена орпема, која не смее да биде во голем број, а со тоа и доста тешка.

Приодот води преку изворот на Бабуна, а потоа по централниот кањон над изворот по мошне див предел, совладувајќи тежини од II до III степен, се стигнува во дното на амфитеатарот под карпата.

Историја на искачувања

уреди

Првото алпинистичко искачување го направил словенечкиот алпинист Урош Жупанчич на 10. IX 1934 година[1]. Насоката со тежина III (по UIAA) и детали IV (по UIAA) и должина од околу 700 m ја искачил потполно сам, и денес оваа наоска е позната како „Жупанчичева насока“. Во наредните години, овие карпи се запоставени, најмногу поради војната. Во 1952 се организира републички алпинистички собир под раководство на забрепските алпинисти Стјепан Јециќ, Мирко Згага, Едвин Ракош и Александар Блажук – Саша. За време на овој собир се направени седум првенствени искачувања, и тоа 5 на источната стена и 2 на јужната стена. На источната стена во 1952 година искачени се следните насоки:

- „Насока по Левот ребро на Првата глава“ Првенствено искачување: Едвин Ракош и Саша Блажук; 30. VII. 1952 г. Оцена: III, II; 200 м; 1 час.

- „Насока по Десното ребро на Првата глава (Македонска насока)“ Првенствено искачување: Саша Блажук, Едвин Ракош заедно македонски планинари кои го посетувале тековниот тамошен курс по алпинизам: Петровски, Иван Зафиров, Боце Зафиров, Петрески, Везировски, Цаковски, Бојаџиев, Костовски, Николовски, Азизи, Богдановски; 31. VIII. 1952 г. Оцена: III; 200 м; 3 часа Оваа насока е наречена „Македонска“ поради тоа што била првата насока при чие искачување учествувале Македонци.

- „Средно ребро на Првата глава“ Првенствено искачување: Едвин Ракош и Иван Зафиров; 2. VIII. 1952 г. Оцена: III; 250 м; 2 часа.

- „Насока во жлебот во Втората глава“ Првенствено искачување: Мирко Згага и Стјепан Јециќ; 3. VIII. 1952 г. Оцена: III; 350 м; 3 часа.

- „Насока по гребенот на Третата глава“ Првенствено искачување: Мирко Згага и Стјепан Јециќ; 2. VIII. 1952 г. Оцена: III; пречка IV; 450 м; 3 часа

На јужната стена во 1952 година искачени се следниве насоки

- „Насока по левото ребро“ Првенствено искачување: Стјепан Јециќ и Мирко Згага 31. VII. 1952 г. Оцена: III/IV; 700 м; 4 часа.

- „Централна насока“ Првенствено искачување: Саша Блажук и Едвин Ракош 1. VIII. 1952 г. Оцена: V; 700 м; 8 часа.

Во поновата историја во овие карпи имаат качувано многу македонски алпинисти. Меѓу нив секако најмногу искачувања има направено македонскиот алпинист Борче Јовчевски од Велес. Тој со различни партнери ги има качено насоките:

-„Велешки 1“ тежина III

-„Велешки 2“ тежина III/IV

-„Чеплес“ тежина III/IV

-„Бреза“, Борче Јовчевски и Живко Арсовски

- „Б.И.С.К.“ Борче Јовчевски, Христо Белокапоски, Славко Тодороски 1992 г.

Потоа, во 1982 година словенечкиот алпинист Павле Козјек (кој тогаш бил на отслужување на воениот рок во Македонија) заедно со македонскиот алпинист Слободан Јованоски искачуваат нова насока во Јужната стена.

- „Првата Рампа“, Зоран Мајсторски и Никола Андоноски, 2. XII 2011 година.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди

41°42′14″N 21°24′14″E / 41.70389° СГШ; 21.40389° ИГД / 41.70389; 21.40389

  1. (PDF) https://www.planinskivestnik.com/files/File/PV_1935_07.pdf. Отсутно или празно |title= (help)