Ферари Модуло

(Пренасочено од Модуло на Ферари)

Ферари 5132S Модуло е концептен спортски автомобил дизајниран од Паоло Мартин од италијанската каросерија Пининфарина, претставенa на Саемот за автомобили во Женева во 1970 година.

Ферари Модуло
Модуло дизајн скица

Опис

уреди

Модуло има екстремно нискa каросиерија и е во облик на клин, со стаклен покрив во стил на крошна кој се лизга напред за да овозможи влез во кабината на автомобилот. Сите четири тркала се делумно покриени. Друга посебна одлика на дизајнот се 24 дупки во капакот на моторот што го откриваат моторот Ферари В 12 кој развива 410 KW[1] за да го придвижи автомобилот до максимална брзина од околу 354 km/h  за приближно 3,0 секунди. 

Историја

уреди

Модуло првично започнал како Ферари 512S (шасија и мотор #27) и бил претворен во 612 Can Am спецификации. По тестирањето, моторот и менувачот биле отстранети, а шасијата била дадена на Пининфарина со цел да направи автомобил наменет за шоу. Изложбениот автомобил дебитирал на Саемот за автомобили во Женева во 1970 година и првично бил обоен во црно, но подоцна бил обоен во бело. Модуло бил добро прифатен од критичарите и имал освоено 22 награди за неговиот дизајн.[2][3]

Во 2014 година, Пининфарина го продал Модуло на американскиот претприемач и љубител на автомобили Џејмс Гликенхаус, кој го вратил во целосна работна состојба.[4]

Наводи

уреди
  1. „1970 Ferrari 512S Modulo Concept Hits The Road For The First TIme“. Motor1.com (англиски). Посетено на 2018-08-10.
  2. George, Patrick. „The Ferrari 512S Modulo Is The Weirdest Ferrari Ever By A Wide Margin“. Jalopnik (англиски). Посетено на 2018-08-10.
  3. „FERRARI MODULO < Pininfarina“. www.pininfarina.com. Архивирано од изворникот на 2018-08-10. Посетено на 2018-08-10.
  4. „Ferrari Pininfarina Modulo concept finally drives thanks to Glickenhaus team“. Autoblog (англиски). Посетено на 2018-08-10.

Надворешни врски

уреди