Модроок сатир
Модроок сатир | |
---|---|
Горна страна | |
Долна страна | |
Научна класификација | |
Научен назив | |
Minois dryas Scopoli, 1763 |
Модроокат сатир (Minois dryas) е пеперутка од семејството на шаренците. Оваа пеперутка живее и во Македонија, како и во централна и источна Европа и Азија.
Подвидови
уредиПодвидовите на оваа пеперутка се:[1]
Животна средина
уредиОвој вид на пеперутки живее во јужна и Средна Европа па сè до Азија и Јапонија.[1][3] Оваа пеперутка претпочита шумски и ливадски предели со изобилие на цветови. Пеперутката живее на надморска висина од 100 до 1600 метри надморска висина.[4][5]
Опис
уредиРаспонот на крилјата е од 54 до 70 мм.[4] Основната боја на горната страна е темнокафена. Женките се поголеми и побледи за разлика од мажјаците. На предните делови на горната страна на крилјата има по две точки со сина боја, а на задниот дел има по една мала точка. Долните страни на крилјата се слични, разликата е во тоа што големите точки имаат жолтеникави бордури, а малите точки се сивкасти.[5]
-
Мажјак, горен дел
-
Женка, горен дел
-
Мажјак, долен дел
-
Женка, долен дел
Биологија
уредиПеперугата лета од јуни до септември[4] во зависност од локацијата. Ларвите најчесто живеат на растенијата Molinia caerulea, Arrhenatherum elatius, Oryza sativa, Avena, Dactylis, Poa, Festuca, Carex, Calamagrostis и Bromus.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 "Minois Hübner, [1819]" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
- ↑ Tom Tolman, Richard Lewington, Guide des papillons d'Europe et d'Afrique du Nord, Delachaux et Niestlé, 1999,2009 ISBN 978-2-603-01649-7
- ↑ „Fauna europaea“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2017-02-17.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Simon Coombes Captain's European Butterfly Guide Архивирано на 22 јули 2019 г.
- ↑ 5,0 5,1 Euro Butterflies by Matt Rowlings