Модроок сатир

(Пренасочено од Модроокат сатир)
Модроок сатир
Горна страна
Долна страна
Научна класификација
Научен назив
Minois dryas
Scopoli, 1763

Модроокат сатир (Minois dryas) е пеперутка од семејството на шаренците. Оваа пеперутка живее и во Македонија, како и во централна и источна Европа и Азија.

Подвидови

уреди

Подвидовите на оваа пеперутка се:[1]

  • Minois dryas phaedra (Linnaeus, 1764) (јужни Алпи)[2]
  • Minois dryas bipunctatus (Motschulsky, 1861) (Источна Азија и Јапонија)
  • Minois dryas septentrionalis (Wnukowsky, 1929)
  • Minois dryas shaanxiensis (Qian)

Животна средина

уреди

Овој вид на пеперутки живее во јужна и Средна Европа па сè до Азија и Јапонија.[1][3] Оваа пеперутка претпочита шумски и ливадски предели со изобилие на цветови. Пеперутката живее на надморска висина од 100 до 1600 метри надморска висина.[4][5]

Опис

уреди

Распонот на крилјата е од 54 до 70 мм.[4] Основната боја на горната страна е темнокафена. Женките се поголеми и побледи за разлика од мажјаците. На предните делови на горната страна на крилјата има по две точки со сина боја, а на задниот дел има по една мала точка. Долните страни на крилјата се слични, разликата е во тоа што големите точки имаат жолтеникави бордури, а малите точки се сивкасти.[5]

Биологија

уреди

Пеперугата лета од јуни до септември[4] во зависност од локацијата. Ларвите најчесто живеат на растенијата Molinia caerulea, Arrhenatherum elatius, Oryza sativa, Avena, Dactylis, Poa, Festuca, Carex, Calamagrostis и Bromus.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 "Minois Hübner, [1819]" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
  2. Tom Tolman, Richard Lewington, Guide des papillons d'Europe et d'Afrique du Nord, Delachaux et Niestlé, 1999,2009 ISBN 978-2-603-01649-7
  3. „Fauna europaea“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2017-02-17.
  4. 4,0 4,1 4,2 Simon Coombes Captain's European Butterfly Guide Архивирано на 22 јули 2019 г.
  5. 5,0 5,1 Euro Butterflies by Matt Rowlings

Надворешни врски

уреди