Множина

(Пренасочено од Мн.)

Множинаграматички облик на именка што означува количина предмети, поими, суштества или појави кои се повеќе од еден, додека во словенската група јазици се употребува за количина поголема од два.

Заедно со еднината, денес во повеќето индоевропски јазици множината е единствениот граматички број. Во некои јазици на зборот му се додава наставка кога тој покажува множина. На пример, во англискиот јазик во кој на зборовите во множина им се додава “s“ (главно), понекогаш и "es", па дури и "ies" (пример, dollar е во еднина, а dollars е во множина).

Сите европски јазици имаат множина. Во некои јазици, како што се арапскиот или хебрејскиот, има необични форми, а тоа се: "нулар" (ништо или нула објекти), "тријал" (три објекти) и "паукал" (неколку објекти). Повеќето светски јазици ја користат едноставната форма на множина.

Некои јазици немаат множина. Овде спаѓаат јапонскиот, корејскиот и кинескиот јазик, како и некои други источноазиски јазици.

Во македонскиот јазик зборовите кои означуваат множина најчесто се обележуваат со буквата “и“, но можно е и користењето на “а“ и “е“.

Форми на множината во македонскиот јазик

уреди

Избројана множина: три дена, неколку дена; два петла; два кладенца итн.

Обична множина: Македонец - Македонци; граѓанин - граѓани, селанец - селани, скопјанец - скопјани, но Германец - Германци; Турчин - Турци; старец - старци; театар - театри; Грк - Грци; ден - дни, денови; смок - смоци, смокови; крст - крстови; леб - лебови; нож - ножеви; крај - краеви, но: кеј - кејови; крал - кралеви и кралови; зет - зетеви и зетови; меч - мечеви; ветар - ветрови; оган - огневи и огнови;[1]

Збирна множина: дол - долишта; крај - краишта; роб - робје; кол - колје; друм - друмје; камен - камење, камења; ремен - ремење, ремења итн.; град - градје; рид - ридје; пат - патје; паќе (=патишта).

Наводи

уреди
  1. „Круме Кепески, Македонска граматика, Државно книгоиздателство на Македонија, Скопје, 1946“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-09-24. Посетено на 2010-01-05.