Младиот Ахмед
„Младиот Ахмед“ (француски: Le Jeune Ahmed) — француско-белгиски филм од 2019 година, во режија на браќата Жан-Пјер Дарден (Jean-Pierre Dardenne) и Лик Дарден (Luc Dardenne), кои се автори и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Идир Бен Ади (Idir Ben Addi), Оливие Боно (Olivier Bonnaud) и Мирием Ахедиу (Myriem Akheddiou). На Канскиот фестивал, браќата Дарден ја освоиле наградата за најдобра режија.[1]
Содржина
уредиПод влијание на месниот радикален имам, 13-годишниот Ахмед решава да ја убие својата наставничка која се одметнала од верата. Тој е уапсен и испратен во поправен дом, каде што тој тврди дека се променил...