Мице (поема)
„Мице“ — поема за деца на македонскиот писател Ванчо Николески.
Сиже
уредиВо далечното минато, крај една планинска река си живеел сиромашен стар брачен пар кој немал деца. Старецот и старицата живееле во слога и љубов, но тагувале поради немањето пород. Еден ден, додека старецот сечел тиква, од неа излегло глувче. Старците се пуштиле по него да го отепаат, а тоа им прозборело, молејќи ги за милост. Тие се сожалиле на глувчето и оттогаш го негувале како свое дете, а го нарекле Мице. Старците многу го cакале глувчето, а тоа им помагало во работата. Еднаш, кога старицата отишла на нивата за да му однесе ручек на сопругот, Мице паднал во грнето со грав и се удавил, а по неговата смрт, старците долго време го жалеле.[1]
Изданија
уредиВо 1998 година, поемата била објавена од издавачката куќа „Детска радост“, како дел од книгата „Мице, Волшебното самарче“. Книгата, со обем од 152 страници и со димензии од 20 сантиметри, била испечатена во НИП „Нова Македонија“, РЕ Печатница. Автор на илустрациите, на дизајнот и на ликовно-графичкото уредување е Димче Исаиловски, а лектурата и коректурата ги направила Кате Ноневска. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-419-Х.[2]