Мислителот
Мислителот (француски: Le Penseur) – една од најпознатите скулптури на францускиот вајар Огист Роден. Скулптурата претставува гол маж кој седи замислен со раката на брадата. Направена е од мермер и бронза, а денес се наоѓа во Музејот Роден во Париз.[1]
![]() | |
Мислителот во Музејот Роден во Париз | |
Творец | Огист Роден |
---|
Роден на својата скулптура ѝ дал поетско значење, прикажувајќи го Данте пред „вратата” на пеколот. Денес постојат повеќе од 20 копии на оригиналното дело во слични димензии, додека многу е поголем бројот на оние кои се помали.
Скулптурата првично била замислена како дел од Роденовото дело Вратата на пеколот (француски: La Porte de l'Enfer). Меѓутоа, сепак се одлучил скулптурата да ја изведе самостојно. Мислителот денес има култен статус и претставува симбол на филозофијата и интелектуалната активност.[1]
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
„Мислителот“ на Ризницата ? |
- Мислителот на официјалното мрежно место на Музејот Роден.