Миодраг Шкрбиќ (Хотковци, 20 јануари 1956 година) е српски претприемач, а бил и поранешен фудбалер.

Образование

уреди

Миодраг Шкрбиќ учел во гимназијата Огњен Прица во Сараево. Неговиот клас бил прогласен за најдобар во поранешна Југославија,[1] а Шкрбиќ за најдобар ученик.

Магистрирал на Електротехничкиот факултет во Сараево,[2] на катедрата за информатика, а додипломските студии ги завршил во 1978 година на отсекот за телекомуникации.[3]

Спортска кариера

уреди

Во раната младост тој професионално играл фудбал. Во сезоната 1973/74 бил играч на сараевскиот тим на ФК Железничар.[4] Во 1973 година се приклучил на југословенската младинска репрезентација предводена од тренерот Анте Младиниќ во генерација заедно со Велимир Зајец, Ѓорѓи Вујков, Павковиќ, Златко Крањчар, Влахо и Џемал Муштеданагиќ. За време на студиите ја напуштил играчката кариера, но како дипломиран инженер му се вратил на фудбалот. Во периодот од 1978 до 1982 година настапувал за екипата на Фамос од Храсница.

Во периодот од 1987 до 1989 година бил фудбалски судија во Првата сојузна лига на Југославија.[5]

Претприемничка кариера

уреди

Тој бил еден од првите приватни претприемачи од поранешна Југославија. Ја основал првата партнерска компанија „Град“ во 1989 година во Сараево. На почетокот на 1990-тите, по избувнувањето на војната, Шкрбиќ заминал во Германија и со своите партнери ја преземал компанијата Нед Електроникс.

По отворањето на источноевропските земји во 1993 година, во Чешка заедно со Нихад Хурем и Мирко Јелчиќ,[6] заедно со учество на фабриката Тесла Вотице, основале компанија специјализирана за информатичка технологија во областа на телекомуникациите наречена Стром Телеком.[7] По успешниот бизнис на почеток, компанијата на Стром Телеком го откупил сопственичкиот удел од компанијата Тесла Вотице, а потоа и самата фабрика која ја создала најпознатата компанија во Прага од областа на телекомуникациите. Во доцните 1990-ти и почетокот на 2000-тите, компанијата ги проширила своите операции на територијата на Русија и земјите од поранешниот Советски Сојуз, потоа во Германија и Средна Европа, а подоцна и во Конго, Уганда и други делови на Африка. На салонот за автомобили во Женева во 2003 година, Стром Телеком за прв пат влегла и на американскиот пазар и потпишала договор за испорака на сопствени дигитални комуникациски системи.[8]

По успешното пренесување на сопственоста на Стром Телеком, основал неколку помали компании во повеќе европски земји, од кои во периодот од 2007 до 2011 година со консолидацијата се создал деловен систем под името НИТЕС Груп, кој успешно стопанисувал и работел во Централна и Југоисточна Европа.

Во соработка со граѓанската организација Лука Прага[9], го поддржал издавањето на романот „Тесла, портрет меѓу маските“ од Владимир Пиштало, добитник на престижната награда на печатениот медум НИН.

Наводи

уреди
  1. „Друга гимназија Сарајево“. Посетено на 19 април 2020.
  2. „ЕТФ магистри“. Архивирано од изворникот на 17. 03. 2020. Посетено на 19 април 2020. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  3. „Алумни Униса“. Архивирано од изворникот на 2020-02-27. Посетено на 19 април 2020.
  4. „ФК Жељезничар − састави по сезонама“. Посетено на 19 април 2020.
  5. „Хајдук − Рад“. Посетено на 19 април 2020.
  6. Jeličić, Mirko; Hurem, Nihad. „Iz pakla u slavu“. www.novosti.rs (српски).
  7. „Rejstrik firma vysledky“. Посетено на 19 април 2020.
  8. „Hitech systems to USA for 57ebb“. Посетено на 19 април 2020.
  9. Ĺ krbić, Miodrag. „Vladimir Pistalo - translation of the novel - Tesla, portrait among the masks“. Luka Praha.

Надворешни врски

уреди