Минхнер фрајхајт
Минхнер фрајхајт, понекогаш се среќава и само како Фрајхајт — германска музичка група која до 2007 година има издадено седумнаесет албуми, од кои шест златни, со повеќе од пет милиони продадени примероци во Европа. Тие името го добиле по плоштад во Минхен и истото во превод значи „минхенска слобода“. Групата припаѓа на музичкото движење Нов германски бран.
Минхнер фрајхајт | |
---|---|
Минхнер фрајхајт на концерт во Старата опера во Ерфурт во март 2006 година | |
Животописни податоци | |
Потекло | Германија |
Жанрови | поп рок поп-рок шлагер нов германски бран синтпоп |
Период на активност | 1980 - сè уште |
Издавачи | ЦБС Шалплатен Крокодајл Мјузик |
Мреж. место | Официјално мрежно место |
Членови | |
Тим Вилхелм Арон Штробел Михаел Кунци Алекс Гринвалд Рени Хацке | |
Поранешни членови | |
Штефан Цаунер Фреди Ердман Гинтер Штолц |
Групата е позната по нивната песна на англиски јазик „Keeping the Dream Alive“, која се искачила на 14. место на Британската табела на музички песни по нејзиното објавување во декември 1988 година.[1] Поради нејзиното објавување во декември и богатиот оркестарски звук, „Keeping the Dream Alive“ и натаму е слушана за време на Божиќ, а песната може да се најде и во многу божиќни албумски збирки.
Минхнер фрајхајт со песната „Viel zu weit“ имаат настапено за Германија на Евровизија 1993 во Милстрит, каде со освоени 18 бодови имаат завршено на 18. место.
Наводи
уреди- ↑ Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums (19.. изд.). London: Guinness World Records Limited. стр. 214. ISBN 1-904994-10-5.