Министерство за надворешни работи на Руската Федерација

Министерство за надворешни работи на Руската Федерација (руски: Министерство иностранных дел Российской Федерации) — сојузен орган на извршната власт на Руската Федерација што врши работи на државната управа од областа на односите на Руската Федерација со странски држави и меѓународни организации.

Марија Захарова - гласноговорничка на Министерството (2017)

Министерството му е подредено на претседателот на Руската Федерација, а го раководи министерот за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи на Русија било основано како Народен комесаријат за надворешни работи во 1944 година и постоело паралелно со Министерството за надворешни работи на СССР.

Начин на работа

уреди
 

Со Министерството за надворешни работи раководи претседателот на Руската Федерација.

Главната задача на министерството е да ја подготви општата стратегија за надворешна политика и да му ја предложи на претседателот.

Министерството за надворешни работи својата работа ја врши непосредно или преку дипломатски претставништва и конзуларни установи, претставништва во меѓународни организации, територијални органи - претставништва на Министерството на територијата на Русија.

Системот на Министерството се состои од: централен апарат, надворешни институции, територијални органи, организации подредени на Министерството кои ја вршат својата работа на територијата на Русија. Министерството за надворешни работи работи во согласност со Уставот, федералните уставни закони, сојузните закони, актите на претседателот и владата и меѓународните договори.

Со Министерството за надворешни работи раководи министерот за надворешни работи, кого го именува претседателот на Руската Федерација на предлог на премиерот. Министерот е лично одговорен за спроведување на државната политика. Тој има заменици назначени од претседателот на Руската Федерација. Генералниот директор на Министерството за надворешни работи исто така го именува претседателот.

Министер за надворешни работи

уреди

Министерот за надворешни работи е раководител на секторот за надворешна политика. Министерот ја претставува Русија

  • на билатерални преговори и самити и потпишува меѓународни договори,
  • ги распределува одговорностите меѓу неговите заменици и помеѓу генералниот директор,
  • ги потврдува прописите за структурните единици на централниот апарат,
  • назначува службеници на централниот апарат, надворешните институции и територијалните органи.

Колегиум на министерството

уреди

Во Министерството има колегиум од 23 члена, во чиј состав влегуваат министерот (претседател на колегиумот), неговите заменици, генералниот директор и раководните службеници на министерството. Составот на колегиумот го потврдува претседателот на Руската Федерација на предлог на министерот. Колегиумот ги разгледува најважните прашања и, по правило, донесува акти, односно министерски наредби. Во случај на несогласување меѓу претседателот на колегиумот и неговите членови, се известува претседателот, кој го има одлучувачкиот збор.

Постојано претставништво на Русија во Обединетите нации

уреди

Постојаното претставништвоа на Русија во Обединетите нации е една од најважните странски установи на Министерството за надворешни работи. Постојаното претставништво преговара во име на Руската Федерација за сите меѓународни прашања. Со постојаното претставништво раководи постојан претставник назначен од претседателот на Руската Федерација на предлог на министерот за надворешни работи. Постојаниот претставник ја претставува Русија во сите структури на Обединетите нации, вклучувајќи го и Советот за безбедност на Обединетите нации. Во посебни случаи наместо него може да настапува министерот за надворешни работи.

Структура

уреди

Структурата на централниот апарат на министерството се состои од организациски единици, кои се нарекуваат департмани. Департманите понатаму се поделени на оддели. На чело на департманите се директори, а на чело на одделите началници. Денес, министерството има вкупно 39 департмани. Департманите се делат на територијални и функционални. Во секој оддел работат по 20-30 дипломати.

Во структурите на департманот исто така работат и заменици за посебни задачи кои работат на некој меѓународен проблем. Тие заменици се нпосредно потчинети на замениците министри.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди