Министерство за животна средина, шуми и климатски промени (Индија)

Министерството за животна средина, шуми и климатски променииндиско владино министерство. Портфолиото на министерството е предводено од Бупендер Јадав, министер на Унијата за животна средина, шуми и климатски промени.[3]

Министерство за животна средина, шуми и климатски промени (Индија)
Оддел на Владата на Индија
Податоци за органот
Основан 1985; пред 39 години (1985)
Надлежност Влада на Индија
Седиште Њу Делхи[1]
Годишен буџет ₹ 2.870 крори

(340 милиони $) (проценка за 2021–22)[2]

Надлежен министер Бупендер Јадав, Министер
Мрежно место
moef.gov.in

Министерството е одговорно за планирање, промовирање, координација и надзор над спроведувањето на програмите за животна средина и шумарство во земјата. Главните активности што ги преземало Министерството вклучувале зачувување и истражување на флората и фауната на Индија, шумите и другите диви области; спречување и контрола на загадувањето; Индиската хималајска средина и нејзиниот одржлив развој; пошумување и ублажување на деградацијата на земјиштето. Министерството е одговорно за администрацијата на националните паркови на Индија.

Средбата на Пракаш Јавадекар со американскиот државен секретар Џон Кери на COP21 во Париз.

Министерството за животна средина, шуми и климатски промени е контролен орган на кадрите на Индиската шумска служба (ИШС), една од трите Индиски служби.

Историја

уреди

Дебатите за животната средина првпат биле воведени во националната политичка агенда за време на првиот мандат на Индира Ганди како премиер на Индија. Четвртиот петгодишен план (1969–74), на пример, прокламирал „хармоничен развој врз основа на сеопфатна проценка на еколошките прашања“. Во 1977 год. (за време на вонредната состојба) Ганди го додала членот 48А на уставот во кој се наведувало дека: „Државата ќе се труди да ја заштити и подобри животната средина и да ги заштити шумите и дивиот свет во земјата“. Истиот декрет ги префрлил дивиот свет и шумите од државната листа на истовремената листа на уставот, со што ѝ дала на централната власт овластување да ги поништи државните одлуки кон тоа прашање. Ваквите политички и уставни измени ја подготвиле основата за создавањето на федералениот Оддел за животна средина во 1980 год. претворен во Министерство за животна средина и шуми во 1985 год.[4] Иако справувањето со климатските промени било веќе одговорност на министерството, неговиот приоритет бил подигнат во мај 2014 година кога министерството било преименувано во сегашното име Министерство за животна средина, шуми и климатски промени.[5]

Иницијативи

уреди

Во август 2019 година, Министерството за животна средина ja објавиле Нацрт-Националната политика за ефикасност на ресурсите. Тоа е збир на насоки кои предвидуваат иднина со еколошки одржлив и правичен економски раст. Политиката се води од принципот на намалување на потрошувачката на примарни ресурси; создавање повисока вредност со помалку материјал преку ефикасен кружен пристап со ресурси; минимизирање на отпадот; материјална сигурност и создавање можности за вработување и бизнис модел корисен за заштита и обнова на животната средина. Бил заснован според извештајот на Националниот институт за трансформација на Индија Ајонг и Европската Унија со наслов, Стратегијата за ефикасност на ресурсите. Политиката имала за цел да формира Национална управа за ефикасност на ресурсите со основна работна група сместена во министерството. Таа, исто така, планирала да понуди даночни поволности за рециклирани материјали и поволни заеми за да се подигнат капацитети за отстранување на отпад и обновување материјали.[6][7]

Од 8 декември 2021 година, некои сојузни држави добиле повеќе од 47.000 крори рупии за пошумување. Сојузните Држави биле насочени да го искористат овој износ како компензаторно пошумување кое ќе се користело за насади, потпомогнато природно обновување на шумите, спречување на шумски пожари, контрола на штетници и болести во шумите и забрзување на работите за зачувување на почвата и влагата.[се бара извор]

Наводи

уреди
  1. „Contact Us | Ministry of Environment, Forest and Climate Change Government of India“. Moef.gov.in. 2015-07-31. Посетено на 2016-06-16.
  2. „MINISTRY OF ENVIRONMENT, FORESTS AND CLIMATE CHANGE DEMAND NO. 27 : Ministry of Environment, Forests and Climate Change“ (web). Indiabudget.gov.in. Посетено на 16 August 2018.
  3. „Following Anil Daves death, Dr Harsh Vardhan gets additional charge of environment“. Indiatoday.intoday.in. 18 May 2017. Посетено на 16 August 2018.
  4. Sanjeev Khagram (2004) "Dams and Development", New York, Cornell University Press, ISBN 978-0-8014-8907-5
  5. „Ministry of environment and forests undergoes a nomenclature change“. The Economic Times. 28 May 2014. Архивирано од изворникот на 2016-09-16. Посетено на 4 December 2016.
  6. „Comments called for on the Draft National Resource Efficiency Policy Released“. Press Information Bureau. Посетено на 2020-09-10.
  7. „EU-India joint declaration on resource efficiency and circular economy(PDF)“. Consilium.europa.eu. Посетено на 2020-09-10.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди