Минестроне
Минестроне е густа супа од италијанско потекло направена од зеленчук, често со додаваат тестенини или ориз, понекогаш и двете. Вообичаените состојки вклучуваат грав, кромид, целер, моркови, густин, крутони и домати.
Вид | супа |
---|---|
Правец | ручек или вечера |
Температура на послужување | топло |
Cookbook: Минестроне на Викикниги
|
Бидејќи ова јадење е на менито на многу медитерански земји, не постои точен рецепт за неговите состојки, па затоа рецептите на оваа популарна супа се разликуваат во речиси сите италијански региони, бидејќи секој готвач има своја тајна состојка, а супата може да се направи од кој било кој сезонски зеленчук кој во моментот е доступен моментално достапен.
Минестроне може да биде вегетаријанска супа, но може да содржи и месо или месна супа врз основа на животински коски (како што е на пример, пилешка супа).
Добриот познавач на храната Ангело Пелегрини тврдел дека минестронот во основа е супа од грав, а во Италија тоа е грав борлоти (наречен римски грав) кој исклучиво се користи во оригиналниот италијански рецепт.
Состојки
уреди- 450 г Минестроне, замрзната мешавина од зеленчук (моркови, праз, компири, домати, карфиол, тиквички, стебленца и корења од целер, зелка, боранија, грашок, грав борлото и магдонос),[б 1] [1]
- 2 чешниња лук,
- 70 г мали тестенини
- 1 лажица концентрат на домат
- 1 дл пасирани домати
- 1 л супа од зеленчук или вода,
- 40 г рендан пармезан
- 1 ловоров лист, сушена мајчина душичка, свеж магдонос
- маслиново масло
- сол, мелен бибер
Подготовка
уредиПодготовката започнува со сечкање лук, кој потоа на дното на тенџерето во кое ќе се готви супата на кратко се пропржува на маслиново или некое друго масло.
Потоа на пропржен лук се истура запрзната смеса од замрзнат зеленчук за Минестроне со кратко мешање.[2]
Потоа се додава концентрат на домат и пасирани домати во тенџерето. Сето тоа се прелива со супа или вода, со додавање на мајчина душичка и ловорв лист.
Супата се готви на силен оган околу 20 минути, а потоа цело време нежно се крчка, и повремено се надополнува со густин или вода.
При крајот од варењето се додаваат тестенините, сол и бибер, и се готви на умерена температура со повремено мешање уште 10 минути додека не се сварат тестенините.
На крајот од готвењето, вкусот на супата може да се избалансира со додавање на зачини (сол, бибер) по желба.
Сервирање
уредиСупата која се сервира во чинија, пред послужување се посипува со сечкан свеж магдонос и рендан пармезан.[2]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Minestrone – Mješavine povrća – Povrće i voće – Smrznuta hrana — Ledo“. www.ledo.hr. Посетено на 14 март 2021.
- ↑ 2,0 2,1 „Minestrone juha s tjesteninom – Predjelo – Recepti – Magazin — Ledo“. www.ledo.hr. Посетено на 14 март 2021.
Надворешни врски
уреди„Минестроне“ на Ризницата ? |
- Минестроне супа со тестенини (јазик: хрватски)
Грешка во наводот: Има ознаки <ref>
за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>
.