Ла Скала (Милано)

(Пренасочено од Миланската скала)

Скала (ита. Teatro alla Scala или La Scala) — театар во Милано е една од најпознатите оперски куќи во светот. Отворен е на 3 август 1778 г., откако претходниот бил уништен од пожар.

Скала ноќе.

Оперската сезона традиционално започнува на денот на црковниот отец Амвросиј Медиолански, заштитникот на Милано. Сите претстави мораат да завршат пред полноќ, затоа долгите опери почнуваат и порано. Влезот не е дозволен откако ќе започне претставата.

Музејот Ла Скала е сместен во истата зграда и содржи вредна колекција на слики, цртежи, статуи, костими и документи поврзани со операта и историјата на театарот Ла Скала.

Театарот е домаќин и на Академијата на изведувачки уметности, чија цел е да ги образова младите музичари, технички персонал и танчери.