Микронова
Микронова ― вид на термојадрена експлозија на површината на бело џуџе многу помала од јачината на нова; е околу 1×1039 ergs (1.0×10−12 foe; 1.0×1032 J) во јачина, околу еден милионити дел од вообичаената нова. Феноменот првпат бил опишан во април 2022 година.[1][2][3]
Историја
уредиЕкипа предводена од истражувачи од Дарамскиот универзитет на 20 април 2022 година објавила дека идентификувале три микронови користејќи податоци од сателитот за истражување на преминувачки вонсончеви планети.[4] Екипата открила со сателитот дека две од микроновите се случиле на бели џуџиња, а астрономите потврдија со многу големиот телескоп дека третата се случила и на бело џуџе.[5]
Феноменот претходно бил забележан во белоџуџестата двојна ѕвезда ТВ Columbae користејќи податоци од Меѓународниот ултравиолетовиот истражувач.[6] Сепак, податоците не биле доволни за да се заклучи физичкиот механизам зад експлозијата.
Образување
уредиМикроновите конкретно се образуваат на бели џуџиња кои имаат силни магнетни полиња, бидејќи полињата испраќаат материјал кон магнетните полови на ѕвездата. Ова предизвикува експлозиите на водородната фузија на површината да бидат помесни и помали од вообичаена нова.[5]
Наводи
уреди- ↑ S. Scaringi; P.J. Groot; C.Knigge; J.-P. Lasota; D. de Martino; Y. Cavecchi; D.A.H. Buckley; M.E. Camisassa (2022-04-19). „Triggering micronovae through magnetically confined accretion flows in accreting white dwarfs“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society: Letters. 514: L11–L15. arXiv:2204.09073. doi:10.1093/mnrasl/slac042.
- ↑ S. Scaringi; P. J. Groot; C. Knigge; A. J. Bird; E. Breedt; D. A. H. Buckley; Y. Cavecchi; N. D. Degenaar; D. de Martino (2022-04-20). „Localized thermonuclear bursts from accreting magnetic white dwarfs“. Nature. 604 (7906): 447–450. arXiv:2204.09070. Bibcode:2022Natur.604..447S. doi:10.1038/s41586-022-04495-6. ISSN 1476-4687. PMID 35444319 Проверете ја вредноста
|pmid=
(help). - ↑ Ouellette, Jennifer (20 април 2022). „Meet the micronova: Astronomers discovered new type of stellar explosion“. Ars Technica. Посетено на 22 август 2023.
- ↑ Kizer Whitt, Kelly (25 април 2022). „Micronovas are new! They're small, but mighty“. EarthSky. Посетено на 22 август 2023.
- ↑ 5,0 5,1 Strickland, Ashley (20 април 2022). „Small 'micronova' explosion burns through tons of material within hours“. CNN (англиски). Посетено на 22 август 2023.
- ↑ Szkody, P.; Mateo, M. (1984). „An unprecedented UV/optical flare in TV Columbae“. The Astrophysical Journal (англиски). 280: 729. Bibcode:1984ApJ...280..729S. doi:10.1086/162045. ISSN 0004-637X.
Поврзано
уреди- микронова во Викиречникот