Мизар (албум)
„Мизар“ — музички албум на истоимената македонска рок-група, објавен во 1988 година од љубљанската издавачка куќа „Helidon“. Во 2003 година, албумот бил повторно објавен (во форма на компакт-диск) од скопската издавачка куќа „Lithium records“
Содржина
уредиНа оригиналното издание на албумот се наоѓаат следниве песни:[1]
- Девојка од бронза
- Дождот
- Магла
- Илјада и шеесет лета
- Униније
- Стој
- Градот е нем
- Ходен же
- Истекувам
- Златно сонце
На повторното издание од 2003 година се додадени и следниве песни:[2]
- Славјани (демо снимка, 1988)
- Дожд по дождот (демо снимка, 1988)
- Дожд (во живо, 1990)
- Градот е нем (демо снимка, 1988)
За албумот
уредиАлбумот го снимил следниов состав на групата „Мизар“: Горан Таневски (вокал), Горазд Чаповски (гитара), Борис Георгиев (тапани), Сашо Крстевски (бас-гитара) и Катерина Бељновска (клавијатури). Автори на песните се: Чаповски и Таневски („Девојка од бронза“ и „Стој“), Чаповски („Дождот“, „Магла“, „Илјада и шеесет лета“, „Униније“ и „Златно сонце“), Чаповски/Таневски/Трајкоски („Градот е нем“), Таневски/Трајкоски/Спасевски („Ходен же“) и Спасовски/Чаповски („Истекувам“). Албумот е снимен во студиото „Тиволи“ во Љубљана во периодот јануари-април 1988 година, снимател бил Јанез Крижај, а продуцен Горан Лисица-Фокс. Мастерингот на повторното издание го направил Димитар димовски во студиото „Тра ла ла“ во 2002 година. Автори на идејната скица се: Сергеј Дамовски, Виолета Чаповска и Дејан Русимовиќ, автор на дизајнот е Јанез Штравс.[3]