Меѓународна матура
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Организацијата на Меѓународна матура (International Baccalaureate Organisation) е создадена 1968 година и е признаена како водач во меѓународно-насоченото образование во светот. Тоа е непрофитабилна, мисионерска организација која е прифатена во 1595 училишта во целиот свет. Оваа организација нуди четири вида програми во над 121 држава во светот и има околу 200 000 ученици. Програмите се:
- «Primary Years Programme» — програма, наменета за учениците од пониските одделенија на основното образование;
- «Middle Years Programme» — програма, наменета за учениците од повисоките одделенија на основното образование, како и прва и втора година на средно образование;
- «Diploma Programme» — програма, наменета за учениците од трета и четврта година на средно образование;
- «Career-related Programme» — програма, наменета за учениците од повисоките класови.
Организацијата на Меѓународна матура има свој огранок и во Република Македонија, и тоа во гимназијата „Јосип Броз Тито“ - Скопје. Во својата програма опфаќа две паралелки - една од трета и една од четврта година средно образование, а дава можност да се изучуваат следниве предмети: математика (ВН), хемија (СН), филозофија (СН), англиски (ВН), ликовно (СН), македонски (ВН), и географија (СН). ВН го означува предметот како предмет кој се изучува на високо ниво, односно ниво кое бара повеќе од учениците. СН означува стандардно ниво на изучување на предметот.
Македонскиот огранок на Меѓународна матура не дозволува бирање на предмети на изучување, за разлика од другите меѓународни паралелки.