Меру (планина)

(Пренасочено од Меру (вулкан))

Меру (свахили: Mlima Meru, англиски: Mount Meru) — активен вулкан што се издига 70 км западно од планината Килиманџаро во Танзанија, од која може да се види на ведар ден[3]. Со височина од 4.566 м, Меру е десетта планина по височина во Африка. Планината изгубила голем дел од масата пред околу 8.000 години со голема ерупција во источен правец, слична на онаа на Сент Хеленс во Вашингтон во 1980. Последната ерупција на Меру се случила во 1910 и била од мал обем.[1] Неколкуте мали конуси и кратери во близината укажуваат на разни епизоди на активност во историјата на вулканот.

Меру
Планината Меру (2002)
Највисока точка
Надм. вис.4566 м
Заведена какоултра
Географија
Меру на карта

Карта

Геологија
Видстратовулкан
Последен избув1910[1]
Искачување
Прво освојување1904 (Фриц Јегер)[2]
Најлесен патпланинараска патека

Меру е најистакнатото природно обележје на националниот парк Аруша. Под плодното подножје се простира савана, а самите падини се шумовити и богати со најразновидни диви животни, меѓу кои речиси 400 видови на птици, како и разни мајмуни и леопарди.

На врвот е поставено дваметарско знаме на Танзанија изработено од метал, како и бетонски милјоказ со натпис „Социјалистички Врв 4562,13 м“.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Меру“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)
  2. Меру - SummitPost (англиски)
  3. Поглед на планината Меру од Килиманџаро (англиски)

Надворешни врски

уреди

Галерија

уреди